Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

ДОНАТОРСКАТА КОНФЕРЕНИЈА
ЗА
МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ

12. 12. 2006 г.-Александар Палас, Скопје


 

 


Билјана Ставрова, А1
Дали ќе се успее да се соберат средста на  донаторската вечера за Милениумскиот крст ?

Архиепоскоп Охридски и Македонски г.г. Стефан

- Најпрво со средствата што ќе се вратат на фондацијата Милениумски крст на име ДДВ 275.00 евра и средставта кои што се надевам ќе бидат собрани на оваа донаторска конференција од дарителите кои се присутн,  овде во хотелот Александар Палас ,    сметам дека ќе се завршат оние најнеопходните потреби на самиот Милениумски крст, а тоа се: заштита на металот, осветлувањето, заштитата на бетонската конструкција и пристапниот пат до самиот врв на Водно. Верувам дека крстот и самиот тој објект ќе има постојани потреби од средства кои се потребни за секојдневно тековно одржување но, верувам дека ќе најдеме нови извори со кои ќе ги задоволиме тие нови потреби на тој прекрасен објект на Водно.

 
Билјана Ставрова, А1
-Премиерот оди во Ватикан која е Вашата порака до Папата?

 Архиепоскоп Охридски и Македонски г.г. Стефан

 -Прв пат слушам, но  веројатно се пренесуваат поздрави од земјата од која се доаѓа и од  МПЦ ќе бидат пренесени до Папата поздрави за добро здравје и успешна негова мисија на фукцијата на која однеодамна е избран.

  Билјана Ставрова, А1
Лобирање за решавање на спорот со СПЦ?

Архиепоскоп Охридски и Македонски г.г. Стефан

-          Папата не е вистинска адреса и место, бидејќи овде станува збор за спор меѓу две Православни цркви и тука треба да се бара вистинската адреса и секако Вселенската патријаршија и сите помесни православни цркви, бидејќи прашањето на МПЦ и спорот со СПЦ е интерес на севкупното православие и поради тоа сметан дека православието не треба да премолчува бидејќи проблемот на еден дел од телото е проблем за целиот организам, како советува апостол Павле...

-          PREZEMENO OD:
 http://www.preminportal.com.mk/modules.php?name=News&file=article&sid=453


 


На донаторската вечера за Милениумскиот крст собрани 55.000 евра
 

Парите од лицитацијата допрва ќе легнат на сметката
СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

Точно 250.500 денари се собрани пари од вечерата на донаторската конференција за Милениумскиот крст, плус 70.000 денари што во касата на влезот од свечената сала ги донираа некои од гостите. На сметката допрва треба да легнат 50.000 евра од лицитацијата на икони, како и дел од парите од влезниците на оние кои беа на вечера, а се' уште не уплатиле по 1.500 денари. Како што информира Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата Милениумски крст, со оние 270.000 евра што ќе ги обезбеди Владата - 135.000 евра од ребалансот на годинашниот Буџет и исто толку од Буџетот за наредната година, тоа ќе претставува голем дел од средствата потребни за комплетна реализацијата на проектот, чија вредност се проценува на 450.000 евра. Кон овие пари ќе се додадат донациите од двата мобилни телефона, на кои се донираат по 100 денари, како и ветените донации од Владимир Тодоровиќ, сопственик на маркетите Тинекс и фирмата Фени индустри од Кавадарци. Одржувањето хуманитарен божикен концерт со познати домашни пејачките ѕвезди треба да ја заокружи финансиската конструкција за планираните зафати на Милениумскиот крст. Донаторската конференција ја отвори премиерот Никола Груевски, а ја поздрави и поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан. Милениумскиот крст е гордост за македонскиот народ, но и симбол на христијанството. За жал, негрижата во минатото и немањето средства за негово довршување го доведе на работ на пропаѓање. Затоа Владата одлучи да ја помогне неговата доизградба, рече премиерот Груевски.

На лицитацијата на икони, што стартуваше со 500 евра, најмногу пари издвои Стопанска банка, чиј претставник за иконата на Богородица излицитира 10.000 евра. Илија Илоски во името на Комерцијана банка купи икона за 6.500 евра, а 6.000 евра за икона на свети Архангел Михаил лицитираше фирмата Ватростална.

По 3.000 евра за икони издвоија болницата Мала Богородица и фирмата Лозар-пелистерка, која купи и помала позлатена икона на Богородица за 1.000 евра. Есма Реџепова ја постави крајната цена од 500 евра за иконата на Исус. Малиот позлатен крст од 200 евра остана непродаден. Се чини дека присутните и не беа многу дарежливи. Очигледно беше дека продажбата на синџирчињата при влезот одеше слабо, а гостите беа скржави и кога требаше да пуштат некоја пара во металната каса.

На донаторската средба присуствуваа авторот на проектот за Милениумскиот крст, архитектот Јован Стефановски-Жан, потоа неколку министри, градоначалници, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, директорот на Берзата, Иван Штериев, Дарко и Маја Панчеви, Елена Ристевска, Ламбе Алабаковски и многу други политичари, бизнисмени и лица од јавниот живот.


ДОНАТОРСКАТА КОНФЕРЕНИЈА ЗА МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ

Собрани околу 56 илјади евра

Околу 50.000 евра се собрани од аукцијата и 5.300 евра од влезниците. Најави за донации има од повеќе фирми од Македонија, а до јуни ќе бидат отворени и телефонски линии за донации од граѓани

На донаторската конференција за довршување на Милениумскиот крст, која се одржа завчеравечер во хотелот "Александар палас", се собрани околу 56 илјади евра. Голем број амбасадори, бизнисмени, политичари и естрадни уметници беа присутни на свечената вечера на која се одржа и аукција на вредни предмети, слики и икони. Според Благоја Дојчиновски, претседател на фондацијата "Милениумски крст", резултатите од донаторската конференција се повеќе од задоволителни, а до јуни наредната година до кога се планира завршување на овој објект, се очекува да се соберат потребните 400 илјади евра.

- Иако се уште немаме целосни резултати од настанот, според првичните сознанија собрани се околу 50.000 евра од аукцијата, како и 5.300 евра од влезниците. Имаме и најави за донации од повеќе фирми од Македонија кои веќе побараа фактури за донаторство. Од друга страна, до јуни идната година ќе бидат отворени и телефоните на Мобимак и Космофон (070 143-155 и 075 143-155) на кои граѓаните со еден повик ќе донираат по сто денари. На конференцијата, исто така, добивме ветување од премиерот Никола Груевски, дека Владата до крајот на годината ќе ни префрли 125 илјади евра повратни средства од ДДВ-то при изградбата на крстот. Останатите 125 илјади ќе и бидат уплатени на фондацијата наредната година, објаснува Дојчиновски.
За премиерот Никола Груевски неопходно е довршувањето на Милениумскиот крст, кој истовремено е и симбол на заедништвото на сите граѓани. Тој посочува дека истовремено, оваа градба е едно од обележјата по кое е препознатлив градот Скопје и со кое се идентификуваат граѓаните.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, пак, напомена дека со собраните пари ќе се завршат оние најпотребни активности на крстот, како што се заштита на металот и бетонската конструкција, осветлувањето и пристапниот пат.

Даниела ТРАЈКОВСКА

back.gif (1338 bytes)

Vesti