Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 
 

Михоритис:

Правењето паралелна црква во Македонија е грешка

14.12.2005

Таа човечка грешка треба да се поправи, а за да се исправи таа човечка грешка, треба да помогнеме сите, изјави проф. д-р Константинос Г. Михоритис, од Аристотеловиот Универзитет во Солун.

Ваков коментар даде грчкиот професор Михоритис на прашањето, оправдани ли се обидите на СПЦ со Вранишковски да воспостави паралелна црква во Македонија.

Одбегна директно да коментира дека одлуките на СПЦ се диктат од Грција.

Кога во црквата ќе влезе политиката, тогаш од неа бега божјото и останува само човекот, рече Михоритис.

Потребен е дијалог меѓу МПЦ и СПЦ, но и помош на двете страни, рече Михоритис. Алудираше на Вселенската патријаршија која освен за Вранишковски, не покажува никаков интерес за спорот меѓу МПЦ и СПЦ.

Доаѓањето на Михоритис во Скопје покажува поддршка, но и дека секој не размислува во рамки на политиката на својата држава

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva