Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)


Македонците
во Србија се асимилираат

Ирина Гелевска  za A1

 

13.04.2006

Македонците во Србија се асимилираат, доброволно си го менуваат презимето за да немаат проблеми, а македонските власти не преземаат ништо за да не заштитат, обвинуваат претставниците на македонската заедница во оваа соседна држава.

Србија признава само 26.000 Македонци, кои се мнозинство во најмалку три општини, но ниту таму немаат никакви права.

Ние немаме школо, немаме кино, немаме театар, немаме музика, немаме едноставно ништо. Јас немам што да бирам, јас немам избор, изјави Гојко Илијевски, Македонец во Србија.

Македонскиот јазик не е признат како јазик на малцинство во декларацијата неодамна усвоена од српскиот Парламент.

Бараме од оваа власт, затоа што таму не можеме да бараме, да имаме реципроцитет, она што Србите го имаат овде да го добиеме и ние. Значи, бараме едни цивилизирани европски норми, рече Никола Туканов, Македонец во Србија.

Македонските власти не заборавија за да не ги расипуваат добрите односи со Белград, велат нашите сонародници во Србија.

Македонците од СЦГ имаат забелешки за работата на амбасадорот Виктор Димовски. Велат, не ни помага да си ги оствариме правата како малцинство.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva