Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

МПЦ ќе формира црковни општини во Грција?!

 

Засега се размислува црковните општини во Грција да ги управува Синодот од Скопје, но сепак не е исклучена и варијантата МПЦ да назначи и надлежен архиереј. Како најпогодна личност се споменува името на Архимандритот Никодим Царкњас


Македонската православна црква размислува да формира црковни општини во Егејска Македонија по примерот на епархиите во дијаспората, дознава "Вечер". Иницијативата не така одамна потекнала од Македонците кои живеат во Грција, а веќе неколку пати побарале од Синодот на МПЦ да им организира црковно живеење, кое ќе биде под јурисдикција на Македонската православна црква.

 

Ова прашање веќе неколку пати било разгледувано меѓу владиците на МПЦ, но досега не се одлучиле на овој чекор поради тоа што сакале да го слушнат официјалниот став на грчките владици за решавање на деценискиот црковен спор меѓу МПЦ и СПЦ. Но, сега откако Грчката православна црква официјално соопшти дека донела одлука финансиски да го помага Јован Вранишковски и неговата ПОА, во македонскиот Синод се погласно се размислува да се прифати барањето на македонското малцинство во Грција.

Доброупатени црковни извори велат дека се ќе зависи од исходот на средбата што треба да ја имаат македонските владици со Грчката црква, која подолго време се најавува, но десега не се оствари


-Досега молчевме оти Грција немаше официјален став, но веќе мислам дека се е во игра, вели за Вечер еден од архиереите на МПЦ. Сепак, меѓу владиците има такви кои сметаат дека ова е премногу радикален чекор и оти нема добро да се одрази на севкупните состојби во релациите со Српската православна црква.

 

Истите извори велат дека засега се размислува црковните општини во Грција да ги управува Синодот од Скопје, но сепак не е исклучена и варијантата МПЦ да назначи и надлежен архиереј. Како најпогодна личност се споменува името на Архимандритот Никодим Царкњас, кој по напуштањето на Грчката православна црква, сега во Грција функционира како неформален свештеник на МПЦ.

Марјан Николовски

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva