Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Џозеф: Да се бара заштита на македонското малцинство во Грција

 

Коментари (6)   

http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif

http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif

07.05.2008 19:50

 

Едвард Џозеф

Поранешниот шеф на Меѓународната кризна група во Македонија, Едвард Џозеф, сега од Вашингтон порачува дека меѓународната заедница треба со нов пристап да се вклучи во спорот, да се бара заштита на македонското малцинство во Грција.

Грчките тврдења дека по Букурешт прашањето за името е мултилатерален проблем, јас велам ОК, изјави Едвард Џозеф, аналитичар.

Ако е така, НАТО нека ја испита целата димензија на проблемот, сосе обврската од Повелбата на НАТО за добри односи со соседите и да се види дали Грција ги исполнува овие услови, каков е статусот на македонското малцинство и другите малцинства во Грција и да го вклучи и ова во дискусијата, рече Џозеф.

Со други зборови, ако е тоа како што инсистира Грција, мултилатерален проблем, НАТО треба да го отвори целиот проблем и да се испита од сите членки на НАТО, вели Едвард Џозеф.

Тоа е начин Грција добро да размисли дали е тоа добар пристап и разумен и фер компромис, кој ќе го зачува македонскиот идентитет, додаде Џозеф.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva