Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

80 години од смртта на Крсте Петков Мисирков

   

15.11.2006

Крсте Петков Мисирков

Како Македонец јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму каде што сум се родил и каде што треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично.

Ова во својата тестаментална статија Самоопределувањето на Македонците една година пред смртта го изјавува Крсте Петков Мисирков, најкомплетниот и најкомплексен македонски славист, основоположник на македонскиот литературен јазик и кодификатор на фонетскиот правопис, прв компетентен филолог кој начелата ги преточи во книгата За македонцките работи.

Се уште не е исполнето завештанието на Крсте Петков Мисирков. Неговото место во подготвената алеја во Бутел е се уште празна. Тоа тежи на совеста на Македонија, рече академик Блаже Ристовски, говорејќи за истражувачката и публицистичката работа на Мисирков на седницата што по повод 80 години од неговата смрт денеска ја организираше Институтот за македонски јазик што го носи неговото име.

За идеолозите на македонската денешна нација и култура и визионерите на современата македонска држава Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски се уште нема место во свеста на современиот Македонец и поради тоа, според Ристовски, не се чувствува неопходноста за, како што рече, барем еден скромен споменик на Мисирков, како и за корифејот Чуповски.

А денеска, во самиот центар на престолнината, во огледалото на нацијата и државата дрско и насилнички се инсталира најголемиот монумент во земјата.... на албанскиот христијански кнез во Круја за да може отсега натаму и нагледно и за нас и за светот да се аргументира нашата историја и перспектива. И се додека сами ја занемаруваме сопствената историја и култура и се китиме со туѓи кумири и национални каузи, Македонија не може да има сигурна иднина. Одбележувањето на 80-годишнината од смртта на бардот на нацијата треба да биде само уште еден научен потсетник за долгот на нацијата и задачата на државата, зашто Мисирков тоа сме сите ние, денешните негови директни следбеници и продолжители, рече академик Ристовски.

Крсте Петков Мисирков е роден на 18 ноември 1874 година во село Постол, некогашна Пела, престолнината на Александар Македонски. Учел во патријаршиско-грчко училиште во родниот крај, а потоа во српска и во бугарска гимназија.

Наместо учителско место во Приштина, тој заминал во Одеса. Се дошколувал на Духовната семинарија во Полтава, а диплимирал на Историско-филолошкиот факултет на Московскиот универзитет (1897).

Ја напуштил универзитетската кариера за да учествува во историските настани во Македонија. По препорака на рускиот професор Петар Алексеевич Лавров Мисирков прави дијалектолошко-историски опис на македонскиот јазик.

Од тој период се првите досега познати најрани фонетски записи на родниот јазик на Крсте Мисирков и дваесетината пронајдени записи на народни песни.

Тој е еден од основачите на Тајниот македонско-одрински кружок (ТМОК), а заедно со Димитрија Чуповски и со други македонски студенти и емигранти во 1902 година го основал Македонското студентско друштво Св. Климент.

Во есента на 1903 година ја завршува книгата За македонцките работи и ја објавува во Софија. Во годините на Првата светска војна и по неа учителствува на повеќе места и е често прогонуван поради своите идеи, а во меѓувреме пишува статии за македонското национално прашање.

Умира во 1926 година во софиската болница.

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti