Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Критика од Света Гора на сметка на 
Цариградскиот патријарх и Грчкиот архиепископ (05.01.2007)

Светиот Кинотис (грч. заедница), колективна управа на манастирите на Света Гора, вчера го осуди неодамна преземениот чекор за зближување меѓу Грчката Православна Црква и Ватикан, соопштија светските агенции. Светогорските игумени потпишаа декларација, вчера објавена од раководството на сите 20 атонски манастири. Декларацијата започнува со признание на монашката заедница за оние иницијативи и напори на Цариградската патријаршија и Грчката Црква коишто го поткрепуваат и помагаат Православието, но веднаш потоа светогорските монаси изјавуваат:

Средбата на папата Бенедикт XVI со Цариградскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул во ноември и посетата на Грчкиот Архиепископ Христодул на Ватикан во декември ја исполнија светата заедница со длабока тага и скрб.

Монасите не се согласуваат со присуството на Римскиот папа на православната Литургија во Фанар со омофор, како и со заедничкото произнесување на молитвата Оче наш на поглаварите на двете Цркви и заедничото благословување на народот за време на светата Литургија пројави што ги надминуваат границите на обичното заедничко молење. Светогорските претстојатели ги негираа информациите дека тропарите испеани при пречекот на Римскиот папа се составени од атонски монаси.

Двете пројави можеби беа од некоја световна полза, но беа придружени од дејствија спротивни на православната еклисиологија.

Изјавуваме дека Света Гора не се согласува со заедничките молитви и учеството на религиозни средби, кои создаваат впечаток дека Православната Црква ја смета Римокатоличката за рамноправна црква, се вели во декларацијата.

Игумените на православните манастири на Атон се противат на претензиите на папата да игра водечка улога во христијанскиот свет и не ги одобрува обидите за создавање унијатска црква во православна Источна Европа, потчинета на Ватикан, за којашто идеја има недвосмислени докази. Во декларацијата се вели дека претензиите на папата за првенство остануваат непроменети, што се гледа и од неодамнешното отпаѓање од неговиот официјален назив на епитетот патријарх на Запад, како и од повикувањето на светското служење на апостол Петар и неговите наследници (папите), за коешто тој говореше во патријаршискиот храм во Истанбул.

Неприфатливи се и меѓурелигиозните молитви, кои Римскиот папа ги организира со претензии за верска хегемонија.

Декларацијата завршува со заклучокот дека амбициозните пројави на двете грчки Цркви создаваат лажни впечатоци за единство (со Римокатоличката црква), го оддалечуваат инославниот свет од возможноста да ја видат во Православието вистинската Црква, го затемнуваат догматското чувство на многу православни и освен тоа создаваат претпоставки за создавање на нови расколи.

Како светогорци ние со својот живот се стремиме да го сочуваме негибнато наследството од светите Отци и ја чуваме како зеница во окото неосквернета својата догматска свест. Се плашиме да премолчиме кога се разгледуваат прашања што го засегаат наследството од Отците. Длабоко ја сфаќаме сопствената одговорност пред верниот народ во Црквата, кој гледа на светогорското монаштво како на верен пазител на светото Предание. Затоа со болка изјавуваме дека сме против заедничките молитви, учества во Литургијата и други молитвени средби коишто создаваат впечаток дека Православната Црква ја сфаќа Римокатоличката како полновредна црква, а Римскиот папа како канонски епископ на Рим. Света Гора ги отфрла наведените случувања, останувајќи верна на верата на Апостолите и Отците од љубов и кон самите инославни, за да можат и тие да го најдат вистинскиот пат за надеж и спасение.

На крајот од ноември минатата година, папата Бенедикт XVI на средбата со Цариградскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул подвлече дека има намера да ја развива и зацврстува соработката со Православната Црква.

За време на својата посета на Ватикан во декември, поглаварот на Грчката Православна Црква, архиепископот Христодул, потпиша со папата заедничка декларација, во којашто двајцата ја изразуваат неопходноста од заедничко дејствување на православните и католиците во заштитата на христијанските вредности и за единство на христијанските цркви, посочува ИТАР-ТАСС.

На фотографијата: последната посета на патријархот Вартоломеј на Света Гора.

Преземено од Dveri.bg

back.gif (1338 bytes)

Vesti