Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Андереј Езеров
Тајната на успехот
на „Кодот на Да Винчи”

Бестселерот на Д. Браун може да се нарече парамасонски антихристијански памфлет


Меѓу популарната, успешно реализирана трговија со книги, јасно се  истакнува конспиролошкиот бестселер на Ден Браун „Кодот на Да Винчи.”

Како што е познато , историската и псевдоисториската литература, понекогаш со фантастични елементи, имаат голем  успех и побарувачка кај таканаречената широка публика.

Пионер во областа на комерцијалната современа историска белетристика е, како што е познато, Умберто Еко. Треба да се признае дека, претходниците на Ден Браун не само што му пробија широк пат, би се рекло магистрала, туку тие беа и поталентирани од нивниот успешен епигон. Тајната на успехот е позната: Се зема конспиролошка тема која заведува со својата тајна, се поврзува со современоста и се додава романтична интрига и авантуристички доживувања. Треба да му се оддаде должното на  вештото перо на американскиот автор - од неговиот бестселер е тешко да се одделиш. Главна конспиролошка тема е - спротивставеноста на две тајни сили, „општества”; на католичкиот ред „Opus Dei” и „Приоратот на Сион”, кои небаре ја определуваат целата европска историја во второто илјадалетие. Ако Умберто Еко отворено се потсмеваше со „браќата”, бестселерот на Д. Браун може смело да се нарече парамасонски антихристијански памфлет.

Нема спор, „Приоаратот на Сион” навистина постоел и, можеби, постои дури до денешен ден. За ова постојат многу документарни сведоштва. Ние дури и не би се изненадиле ако на некое од нивните „тајни собранија” го видиме  обновениот „приорат”, самиот Ден Браун.
Само што, Ескрива де Балагер и првите „опусдеисти” се организирале во своето „тајно општество” дури во средината на XX век. Впрочем, тоа не е единствениот гаф на Д. Браун.
Тешко е да се каже, зошто на местото на „опусдеистите” не се нашле језуитите или доминиканците?
Можеби, затоа што редот основан од Е. де Балагер бил поврзан со мрачниот диктаторски режим на Франко и полесно и побезопасно е тој да биде „навреден”.

Во модерниот бестселер има три главни теми; сите се интригирачки и привлечни; првата; „конспиролошка” - дознаваме дека европската историја е резултат од борбата на две моќни и тајни сили. Чудесно! Кога ова „откритие” се озвучува од клирици или патриоти, јавноста веднаш ги осомничува како „клиника”.  Но, кога истото тоа „откритие” добива отворено антиклирикална насока и боја, истата таа јавност е фасцинирана.

Втората тема е поврзана со првата. Се покажува дека, тајната на антиклирикалната „тајна сила” се состои во „тајната” на родот Меровинзи. Двата главни хероја во книгата - белозабиот американец, (alter ego на самиот Автор Д. Браун), кој со леснотија разгатнува тешки шаради (зборови со посебно значење на секој слог) и девојка - полицаец, која ќе му биде „судбина” на главниот херој и секако, претставничка на династијата Меровинзи, директна наследничка на Христа и Марија Магдалена. Во врска со ова е и третата тема, односно антиклирикалната. Еден од хероите (патем кажано, пародија на познатиот астрофизичар Хокинг) на доверливи читателки им соопштува, дека се покажало; христијанството е... малку видоизменет митраизам, дека до Првиот Вселенски Собор Христа никој не го почитувал како Бог и слично во тој стил. Се добива впечаток како авторот да се пречитал од списанието на јеховините сведоци „Стражарска Кула”. Пасусите за „Константиновата епоха” како буквално да се препишувани од таму.

Од гледна точка на „ортодоксниот” верник (независно, дали е православен, римокатолик, баптист...) многу од откровенијата, што ја отвораат третата тема на романот се очигледно богохулни. Разбирливо е дека од автор на дамски бестселери е тешко да се очекува познавање на црковната историја или археологија, но овде може да се осомничи не толку незнаењето, колку јавната тенденциозност. Клириците во романот - се несебични, но речиси фанатици, што не може да се каже за просветените и посветени членови на приоратот.
Дури и оној од нив, што на крајот ќе се покаже никаквец, е опишан како блескав интелектуалец и префинет аристократ.
Научната критика на литературното дело е бесмислена, затоа да обратиме внимание на литературните состојки на толку заносниот успех; имено: „Ако ѕвездите се палат, значи некому тоа му е потребно.”

Не се работи толку ни за „парамасонскиот” карактер на ова дело, туку за сквернавењето и богохулството. Зачудува, што во романот никако не е допрена темата на педофилијата.

По блескавите конспиролошки трилери „Фукоовото нишало” од Умберто Еко и „Лед” на В. Сорокин, по „паралелните истории” напишани од Толкиен и Павел Крусанов, изгледа, само мрзливиот не брза да се пресмета на ова профитно поприште.

Дури и авторот на овој текст понекогаш добива желба да напише некаква „паралелна историја”. Во неа ќе се најде место и за Ден Браун, чесен збор.


 превод од руски: ѓакон Т. П.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva