Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)


ПО ОДЛУКАТА НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУД

ЈОВАН ЌЕ ЛЕЖИ ВО БИТОЛА

НИТУ ВРАНИШКОВСКИ, НИТУ ПАК НЕГОВИОТ АДВОКАТ, ЈОВАН ДИМАНЧЕВ, ВЧЕРА НЕ САКАА ДА ГО КОМЕНТИРААТ ВРАЌАЊЕТО ВО ЗАТВОР НА ЕКС-ВЛАДИКАТА НА МПЦ.
ВЕЛАТ ДЕКА ОТКАКО ЌЕ БИДАТ ОФИЦИЈАЛНО ИЗВЕСТЕНИ ЗА ПРЕСУДАТА, ЌЕ ПОДНЕСАТ ЖАЛБА ДО ВРХОВНИОТ СУД

Казната од една година затвор за затајување на донацијата од 57.000 евра, екс-владиката на МПЦ, Јован Врнишковски ќе ја издржува во битолскиот затвор. Ова ќе следува откако судот во Велес ќе му ја достави поканата за извршување.

Апелациониот суд, завчера ја потврди осудителната пресуда на велешкиот суд, но наместо две години, казна на која првично беше осуден, Вранишковски ќе одлежи една година затвор. Правосилноста на оваа пресуда настанува веднаш по нејзиното објавување. Судот во Велес, најверојатно тоа ќе го стори во наредните денови, откако ќе ја добие пресудата на апелациониот суд.

Вранишковски има право на вонреден правен лек со жалба до Врховниот суд, но тоа не ја одлага правосилноста.

Ниту Вранишковски, ниту пак неговиот адвокат, Јован Диманчев, вчера не сакаа да го коментираат враќањето во затвор на екс владиката на МПЦ.

Диманчев само најави дека откако ќе бидат официјално известени за пресудата, ќе поднесат жалба до Врховниот суд.

И Вранишковски до вчера не беше известен за оваа одлука и не сакаше да ја коментира. Само кусо нагласи дека ако треба ќе оди да ја одлежи и оваа казна.

Велешкиот суд во септември 2005, Вранишковски го осуди на две години затвор, поради затајување на донацијата од Трифун Костовски наменета за реконструкција на црквата Св. Пантелејмон во Велес. Тогашниот благајник на повардарската епархија, Тони Петрушевски доби една година и три месеци затвор.

Апелациониот суд, во образложението на пресудата навел дека казната на Петрушевски му се намалува на пет месеци, бидејќи тоа му било прво кривично дело. Вранишковски добил намалување, бидејќи судот не утврдил штетни последици, со оглед на фактот дека обвинетиот ги вратил парите на Македонската православна црква.

Инаку, денеска во велешкиот суд, продолжува третиот судски процес притв екс-владиката, во кој тој е обвинет за финансиски малверзации додека работеше во три епархии на МПЦ.

 

Марјан Николовски

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva