Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

ПО СРПСКИ, СЕГА И ГРЧКИ ПАРИ ЗА ПОА


Јован го финансира и грчката црква


Владиците во Атина не соопштуваат за колкава сума станува збор, но преку официјалната интернет страница ја пренесуваат одлуката на Светиот синод на грчката православна црква


Синодот на Грчката православна црква на една од последните седници минатиот месец донел одлука финансиски да ја поддржи црката на Јован Вранишковски, со цел Јован и неговата ПОА непречено да можеле да го продолжат своето пастирско дело. Владиците во Атина не соопштуваат за колкава сума станува збор, но преку официјалната интернет страница ја пренесуваат одлуката на Светиот синод на грчката православна црква. Во соопштението тие го ословуваат Вранишковски како Архиепископ кој е дел од Српската патријаршија, задолжен за областа Скопје.

 

-Меѓу останатите одлуки, постојниот состав на Светиот Синод на ГПЦ, донесе одлука за симболична економска поддршка на Високопреосвештениот Архиепископ охридски г. Јован, кој и припаѓа на Српската Патријаршија, за областа Скопје, заради продолжување на неговото пастирско дело, кое се одвива и покрај неговите последователни затворања и неблагопријатни услови за православните христијани во земјата, стои во официјалната одлука на Синодот на ГПЦ.

 

Ова е прв пат Грчката православна црква јавно да соопшти дека го финансира Вранишковски. Минатата година во март МПЦ обелодени документ со кој српската Влада месечно му префрлала редовни дотации на Вранишковски. Образложението на српското министерство за вера беше дека тие како држава имале обврски да го помагаат развојот на културниот идентитет на српскиот народ надвор од границите.

 

Вранишковски тогаш тврдеше дека нема ништо лошо во тоа што примал државни пари од Србија и дека тој финансиска помош добивал и од останатите православни цркви.

 

Со ова јавно признавање на Грчката православна црква дека финансиски го помага Вранишковски, црковни кругови во МПЦ коментираат дека сега сосема е јасна улогата на Јован и неговата парацрква во релациите меѓу Српската и Грчката православна црква.


МПЦ деновива најавува дека ќе се произнесе и за овој најнов елемент во финансирањето на Вранишковски. (М.Н)

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva