Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)


ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ВО СЛУЧАЈОТ МАЛВЕРЗАЦИИ НА ЈОВАН

ЦРВЕНКОВСКИ МЕ МЕСТИ, ЈАС СУМ НЕВИН

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ЈОВАН ДА БИДЕ ОСУДЕН И ДА И НАДОМЕСТИ ШТЕТА НА МПЦ ВО ВИСИНА ОД 320.000. ПРЕСУДАТА В ПОНЕДЕЛНИК.

-Целата оваа постапка нема докази дека делата за кој сум обвинет се направени, туку напротив се работи за политичко судење организирано директно од Претседателот Бранко Црвенковски. Ова, како завршни зборови во своја одбрана, го изнесе Јован Вранишковски пред кривичниот совет во Основниот суд-Велес. Таму вчера заврши судскиот процес, во кој обвинителството по барање на МПЦ, го товари поранешниот владика за затајување на над 250.000 евра

Вранишковски и неговиот адвокат прво побараа судот да донесе одбивателна пресуда со образложение дека на заменик јавната обвинителка од Велес, Славица Темелковски и изминал мандатот и на тој начин таа немала право да го води овој предмет. Доколку тоа судот не го прифати, тогаш тие побараа ослободителна пресуда, бидејќи Јован сите пари што ги потрошил биле за потребите на Македонската православна црква.  Обвинителството, пак, и во завршните зборови остана доследно на обвинението, иако од вкупно 20-те точки, се откажа од гонење од четири поради немање доволно докази. За останатите 16 точки на обвинението, заменик јавниот обвинител, Славица Темелкоски, побара судот во Велес да го осуди Вранишковски за кривично дело затајување. Обвинителството побара Јован да ја надомести штетата направена кон МПЦ во висина од 320.000 евра.  Одбраната, пак, за време на целиот процес нагласуваше дека Вранишковски според Уставот на МПЦ не е должен да одговара на граѓанските судови, бидејќи верските заедници и државата биле одвоени од Уставот.  Кривичниот совет во Велешкиот суд, пресудата јавно ќе ја соопшти на 3 април, в понеделник.     

 ЈОВАН ПОДГОТВЕН ПОВТОРНО ДА ЛЕЖИ   

Пресудата на Апелациониот суд, со која Вранишковски треба да одлежи уште една година затвор за затајување на донација од 57.000 евра, вчера пристигна во судот во Велес. Во наредните денови судот ќе му ја препрати на Вранишковски, по што тој ќе ја добие и поканата за издржување на казната во затворот во БитолаЈован вчера изјави дека за пресудата на Апелациониот суд дознал од медиумите, но дека доколку тоа е така тој е подготвен да замине повторно в затвор. 
- Со божја помош, секако дека ако на крајот судот така одлучи јас ќе одам да ја одлежам и оваа казна, изјави Вранишковски.  Инаку, тој вчера се пожали дека не ја добил дотацијата од српската влада за месец март. 

- Не, не сум ја добил се уште. Тоа не се месечни, туку повремено дотации од српската влада, за што јас сум и јавно благодарен, одговори Јован на новинарско прашање, дали продолжува неговото финансирање од српската влада и од СПЦ

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva