Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

 

Јотевски: Грчки историчари веќе ја признаа македонската нација

 

23.07.2007

Откритието дека со пописот од 1920 година грчката Влада го признала македонскиот јазик, треба да помогне сите негатори на македонската нација да ја увидат историската реалност, смета историчарот Васил Јотевски кој е по потекло од Егејска Македонија.

Според него, дел од грчките историчари веќе ја признале македонската нација, а јавниот повик на поранешната грчка амбасадорка во Скопје Гросоманиду Грција да ја прифати македонската реалност, јасно говори за силината на македонските аргументи.

Тој не очекува Грција и Бугарија наскоро да престанат со негаторската политика, поради дневната агенда на политичките партии, но таквата ситуација, според него, има и позитивни страни.

Со ова негација доаѓаме до зацврстување на македонскиот национален идентитет, а до ослабнување на позициите, условно да речам, националистичките позиции на политичките партии кои ги користат овие работи за владеење над сопствените народи, изјави Васил Јотевски, историчар.

Јотевски се противи на постојаната дефанзивна политика на македонските власти, кои постојано објаснуваат дека постои македонска нација.

Ако си го постави некој Македонец како такво прашање, мислам дека не е доволно упатен и не верувам дека има таков Македонец кој си го поставува така прашањето, како што сака некој да ни го наметне, додаде Јотевски.

И покрај обидот на грчките власти да ги уништат сите документи од пописот организиран на барање на меѓународниот фактор во 1920 година, дел од документите се пронајдени и објавени од партијата Виножито во второто проширено издание на букварот наменет за македонските деца во Егејска Македонија.

Потврда, дека грчката Влада по Првата светска војна го признала постоењето на македонските нација, може да се најде и во кириличното издание на букварот, но и во фактот што по Втората светска војна некои грчки политички партии на териториите населени со Македонци, објавувала текстови во весниците на грчкиот алфабет, латиница како и на македонски јазик запишан со грчко писмо.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva