Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

ИНТЕРВЈУ НА НОВОНАЗНАЧЕНИОТ АДМИНИСТРАТОР НА
АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКАТА-МАКЕДОНСКА ЕПАРХИЈА
ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ  Г. МЕТОДИЈ

 


 

ПреминПортал: На својата последна седница, САС на МПЦ каква одлука донесе во врска со  Вашиот ангажман во МПЦ?

Епископ Велички г. Методиј:

Јас сум сега назначен за администратор на 

Американско канадската Епархија, и ова администрирање ќе биде преоден подготвителен период , најпрвин јас да ги расчистам обврските  кои ги имам тука во Македонија, на секој план, а исто така да се даде можност на епархијата, особено на епархискиот управен одбор, да  го подготви теренот практично за , непречено и континуирано живеење на архиереј во таа епархија.Така што после  оваа прва посета која во мај  ќе ја направиме со Архиепископот и со митрополитот Кирил, во врска со осветувањето на новиот храм во Mississauga, ќе бидат направени и тие први прелиминарни договори, и потоа ќе следи еден процес на подготовки.
При крај на летото или почетокот на есента ќе заминам и тогаш ќе започнат тие вистинските почетни работи, кои што ќе бидат врзани се разбира најпрво со моето востоличување таму, за митрополит на Американско-канадската Епархија и потоа востапоставување на административен систем на таа епархија. кој што сега ќе треба да се централизира, заради тоа што после еден долг период , да не кажам децении, таа епархија ќе има архиереј кој што ќе живее во самата епархија.

ПреминПортал: Во кој град планирате да биде Вашата резиденција?

Епископ Велички г. Методиј:

И тој податок ќе го видиме во однос на условите, во однос  на таа позиција која е оптимална за секаде да може наједноставно да се комуницира и каде ќе бидат најдобри условите за да се изгради и организира архиерејското седиште. Ќе се договориме со луѓето таму, особено заради тоа што не би сакал со спекулации, однапред, да создадеме некој раздор меѓу нив таму, зашто веројатно сите ќе сакаат кај нив,  да биде центарот..


Македонија денес: Не постои епископски центар таму?

Епископ Велички г. Методиј:

Сега за сега нема, затоа што нема архиереј таму, постојат како епархија, си имаат  архиерејски намесници, заменици,и така натаму, меѓутоа во основа  седиштето е виртуелно, пак било во Македонија, за што прв пат ќе треба таму да се организира и ќе гледам тоа да го направам во договор со тие луѓе, особено ќе водам сметка за тоа, да не се случи, такви некои  формални детаљи во целата работа да направат некакво недоразбирање или некакво неогласување меѓу луѓето таму. Поентата е кога архиерејот ќе дојде во својата епархија, во својата диецеза, да биде тој кој што ќе ги поврзува работите, уште повеќе да го зацврсти едиството на таа заедница, а не со некое формални детаљи да стапи разединување. Всушност, седиштето на епархијата ќе произлезе како договор меѓу мене и луѓето кои што се таму. Значи оние што раководат со црковните општини, свештенството и така натаму, и во однос на прагматична, физичка ситуација, која  што ќе биде потребна, за да  епархискиот архиереј ќе може најекономично, односно со  оптимално време и енергија да стигне до сите места каде што е потребно во епархијата. Значи ќе се земат предвид сите услови и детаљи и во однос на тоа ќе се одлучи.

Македонија денес: Со какви проблеми очекуваш таму да се сретнеш?

Епископ Велички г. Методиј:
Проблеми има насекаде, да се разбереме. Очекувам најпрвин конкретна работа. Тоа е една епархија која што е веќе прилично добро организирана. Која не само што е организирана административно, туки и има еден слој, едно вистинско живо јадро а тоа е Младинската организација на Православни Македонци. Составена од прекрасни,  млади луѓе интелектуалци, кои што ќе бидат од голема помош, луѓе  на кои што им е потребна пастирска грижа, меѓутоа луѓе кои што имаат страшни потенцијали во она што се нарекува иднина на епархијата. Освен тоа , свештенството, исто така луѓето што се во тие одбори црковни во епархијата, се луѓето со кои што може да се соработува. Тежиштето секако ќе го ставам на Литургискиот живот, бидејќи мислам дека тоа е она од каде што треба да почне, да се развива единството на една црква. Значи да започнеме со  она што е Литургија, она што е срцето на секоја заедница, да се соберат луѓето, на тој начин да се осмисли тоа единство на тие наши заедници во Америка и во Канада, и од таму , значи од срцето, од Литургијата, да почне да се создавањето  она, што се нарекувасекојдневен културен , интелектуален , духовен живот на таа епархија.
Во таа смисла не очекувам проблеми, не очекувам дека ќе одам таму, па сега треба да антиципирам некакви проблеми, туку повеќе гледам некакви концепти, визии, за тоа на кој начин всушност само поосмислено да заживее Литургискиот живот.
 

Преземено од сајтот на ПреминПортал

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva