Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Од интервјуто на патријархот Московски и на сета Русија Алексиј II, даден за порталот Интерфакс-Религија. (Извадок)

- Ваша светост, што очекувате од Светскиот собир на религиозните водачи што ќе се одржи во јули оваа година?

 

- Светскиот собир на религиозните водачи, инициран од Меѓурелигискиот совет на Русија, со директно учество  на нашата црква, ќе ги собере во Москва лидерите на највлијателните религиозни заедници

: христијанските, јудејските, муслиманските, будистичките и редица други. На собирот ќе бидат претставени современите религиозни традиции со сите нивни разнообразности.
Очекуваме на овој собир да бидат искажани различни погледи на тоа со какви предизвици денес се судираат религиите, и каков треба да биде нивниот одговор. Затоа не го замисливме собирот како средство да се дојде до некаков однапреед определен практичен резултат.
Истовремено, поттикнувачки мотив за нашиот форум е безусловната желба да живееме во мир и во заемно почитување, слободно да се раководиме со своите духовни претстави, коишто го издржале тестот на времето.
Треба да се има предвид дека собирот ќе го следи повеќегодишниот, проверен модел на меѓурелигиски дијалог, кој исклучива мешање на верите, сомнителни молитвено-обредни експерименти, жестоки богословски и политички дискусии и сл. Духовните водачи, коишто ќе учествуваат на нашата средба, јасно им е позната уникалноста на нивните убедувања и целосната решеност да ја зачуваат во целост, не нарушувајќи го притоа мирот и сремејќи се кон соработка за општо добро.
Се надевам дека собирот ќе се огласи со добри посланија до светот во кој с повеќе владее страдање, предизвикано од желбата да се живее без вера и без совест и да се раководи исклучиво со гревовните страсти. Да даде Бог овој призив да биде услишан.

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva