Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Македонците во Грција вчера го славеа Илинден

 

 

21.07.2007

Со изворни македонски песни и ора, вака со години Македонците во леринско го прославуваат Илинден во селото Овчарани.

Народната веселба по повод националниот празник, кој во Грција се слави две недели порано, беше повод партијата Виножито да го промовира второто проширено издание на букварот, чие оригинално издание го отпечатила грчката Влада во 1925 година.

Македонски јазик во училиштата во северна Грција, уште еднаш побара партијата Виножито од Овчарани.

Од нашето постоење континуирано бараме од секој министер за образование во Грција, не само декларативно да се воведе македонскиот јазик во образовниот систем, туку да се спроведат конкретни мерки за да се оствари оваа. За жал денес ни еден од министрите не сакаше да започне разговор на оваа тема, изјави Павле Васкопулос, Виножито.

За разлика од официјалниот дел од народната веселба, која е поддржана и од локалните власти, во неофицијалниот дел, покрај македонската музика се слушна и песна, Македонско девојче, Бисер Балкански и други патриотски песни се пееја од стотици луѓе, повеќето млади, кои за жал се помалку го говорат македонскиот јазик.

И покрај се уште присутниот страв да се биде Македонец во Грција, повеќето присутни не се плашеа да бидат тоа што се.

Немаме проблем, не се плашиме, ние сме Македонци. Македонка мајка ме роди, Македонец сум, ако ме родила мајка Маџирка, Маџир ќе бидам, ама ти пее петлето однатре, ако имаш крв македонска, не тие страв од ништо, велат Македонците во Грција.

Македонските песни и ора на Илинден во Овчарани не се обид да и се докаже на Грција дека постои македонска нација во оваа земја. Постоењето на Македонците во Грција е историски факт, кој никому не треба да му се докажува, велат домаќините.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva