Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Премиерот Груевски за белградски НИН : Како партија и Влада подготвени за автокефалноста на МПЦ

 

Скопје, 25 мај (МИА) - Во интервјуто за последното издание на белградскиот неделник НИН претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски изјави дека е верник, исто како и српскиот премиер, но додаде дека не мисли дека го злоупотребува својот статус на верник во однос на решавањето на проблемот наметнат од страна на Српската православна црква. Груевски демантираше дека апсењето на некои свештеници била злоупотреба на судовите во политички цели. Според него, судот сметал дека уапсениот и осуден свештеник направил кривично дело од финансиски карактер. Владата не се меша во работата на судовите.

 

- Секоја политичка волја може да биде од корист. Со МПЦ имаме добри односи. Како партија и како Влада стоиме зад автокефалноста на Македонската православна црква.

 

Сметате ли дека прашањето на автокефалноста на МПЦ е дел од вашата државност?

 

- Да, сметаме дека е, дека тоа е дел на нашата државност. МПЦ со векови досега била стожер на нашата државност и во моментите кога сме биле под разни окупации, па сметам дека проблемот на црквата не е само црковен, туку има и политичка димензија. Постојат држави кои се заинтересирани овој црковен проблем да ескалира, но сега не би ги наведувал кои се тие.

жг/паг/13:2

 

ПРЕЗЕМЕНО ОД: ПРЕМИНПОРТАЛ

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva