Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Честитка од премиерот Груевски до архиепископот г.г. Стефан за 40-годишниот јублеј на МПЦ

 

 

Скопје, 13 јули (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до архиепископот охридско-македонски г.г. Стефан по повод 40-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија во ликот на Македонската православна црква.

Груевски истакнува дека со историската одлука за прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква е поправена големата историска неправда од 1767 година, кога неканонски беше укината Охридската архиепископија, а истовремено со овој чин на македонскиот народ му беше вратена честа, гордоста и правото на слободна духовна определба и живеење.

 

- Во оваа прилика должни сме да им одадеме признание и огромна почит на плејадата блескави личности и патриоти од ова поднебје, кои со своите значајни дела во минатото и трудот кој во нив е вложен, себеси се вградија во овој голем и значаен чин за нашата државност. Со ова тие уште еднаш ја потврдија истрајноста, непокорот и духовната сила на македонскиот народ за зачувување на своите вредности и идентитет, демонстрирана многупати низ вековите наназад, вели Груевски во честитката до г.г. Стефан.

 

Премиерот посочува дека јубилејот не е само потсетник за трнливиот пат кој Македонската православна црква го изодила до своето осамостојување, туку е сведоштво за нејзиното непобитно постоење како жива Црква и за нејзината победа над сите искушенија. Тој нагласува дека Македонската православна црква отсекогаш била, и останува, духовен, културен и образовен столб на верниот македонски народ, како во земјава така и во дијаспората, а дека народот од своја страна сите свои капацитети, духовни, интелектуални и материјални ги вложува во нејзините темели.

 

- Длабоко свесен во надвремената и вечна природа на Црквата, Му благодарам на Бога, Кој ми овозможи како Претседател на Владата на Република Македонија токму во овој значаен момент за нашата Црква, да бидам дел од оваа прослава и да Ви го честитам јубилејот 40-години од осамостојувањето на Македонската православна црква. Нека ни даде Господ ум и мудрост на сите нас, за да му го зацврстиме достоинството на овој народ од Бога дадено, да го сочуваме и негуваме како скапоцен дар, за да можеме со чиста совест пред Бога и пред луѓето, да прославуваме заедно уште многу јубилеи, се вели во честитката на премиерот Груевски до архиепископот г.г. Стефан. хс/дма/15:36

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva