Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Дејноста на грчките владици против српското востание (2)
Александар Донски, Штип

"Тоа што било јаничарството во турската држава, тоа било фанариотството во црквата. Едното од другото не се разликувале во ништо, освен во средствата" (Леополд Ранке, Српска револуција, Београд 1965, стр. 43).

И понатаму:
"Владиците (Грци, з.м.) навикнаа своите положаи да ги користат како добар извор на приходи. Земаа даноци дури и за оџаците од секое домаќинство, а со свештениците (Срби, з.м.) постапуваа како со свои слуги".

Всушност, грчките владици имале тенденција да не дозволат описменување на свештениците Срби. Поради тоа, грчките владици и митрополити остро ги критикувал дури и самиот Вук Караџиќ, кој пишува:

"Грчките владици и митрополити дотаму го дотераа свештенството што тешко е да се најде поп, кој знае добро да чита. Тие никогаш не прашуваат за знаењето на оној што сака да се запопи, туку само гледаат дали може да плати. Но, од вакви архипастири не може ни да се очекува ништо добро." (Вук Стефановиќ-Караџиќ, Даница, Забавник за 1827, Беч, стр. 130).
На крајот од својот текст Спасовиќ луцидно заклучува:

"Околноста дека на епископските катедри во времето на Караѓорѓе и Милош... се наоѓале луѓе, кои не ја признавале борбата на српскиот народ, кои  биле странци (Грци, з.м.)  и кои биле луѓе без некој посебен квалитет, оставило многу лоши сеќавања и негативни последици кај народот, кај српското свештенство и кај водачите на востанието. Поради таквото нивно однесување кај поедини претставници на српската власт, во времето на создавањето на институциите на српската држава, создаден е природен отпор против власта на епископите што довело до мешање на српската власт во чисто црквени работи. Тоа влијаело врз создавањето на една практика, која е непримерна на Црквата и на нејзиното учење и која во многу и денес е присутна".

Имајќи ги предвид овие сознанија, несфатлива е денешната поданичка улога на СПЦ во однос на ГПЦ. Небаре духот на фанариотот Леонтиј бдее над сегашниве српски владици. Дури еден српски владика неодамна изјави дека, ако не бил Србин, би сакал да биде Грк (!?). Водачите на Српското востание, веројатно ќе се превртат во своите гробови, ако го слушнат овој "свој" владика. Практично, тоа што сега нам ни го прават грчките владици,  до пред само два века нивните претходници грчки владици им го правеле на Србите. Разликата е во тоа што денешните српските владици "заборавија" на овие грчки недела, па сега и самите соучествуваат врз исти такви недела, овој пат на страна на оние од чии претходници и самите страдале

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva