Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Дејноста на грчките владици против српското востание (1)
Александар Донски, Штип

Сведоци сме дека денес Српската православна црква не ја признава МПЦ, со посебно потенцирање дека не ја признава придавката "македонска" во името на нашата Црква, а како "оправдување" за овој свој шовинистички гест  се повикува на ставот на  Грчката православна црква, која се противи на нашето име. Ова практично значи дека СПЦ нема сопствена надворешна политика, туку дека само е обичен вазал и заложник на Грчката православна црква. Но, во блиската историја односот помеѓу српското и грчкото свештенство воопшто не бил така "розов" како што е денес. Денешните српски владици (слуги за исполнување на желбите на Грчката шовинистичка црква) изгледа не знаат дека своевремено грчките владици им нанеле огромна штета на српското ослободително движење против отоманското ропство од почетокот на 19 век. Во продолжение ќе се послужиме со податоци од извонредно историскиот текст од српскиот историчар проф. д-р Станимир Спасовиќ под наслов "Односот на владиците фанариоти кон српската револуција 1804 година и српското свештенство". (Упатувам благодарност на Благоја Василески од Скопје за доставувањето на овој текст).

Спасовиќ прави осврт кон штетните дејности на грчките владици против српското востание од 1804 година, но и потоа, користејќи се со автентични сведоштва и документи од тоа време. Пишувајќи за односот на грчките владици (кои тогаш духовно владееле над Србија) кон српското востание, Спасовиќ пишува:

"Ставот на одделни епископи фанариоти во однос на српската револуција бил рамнодушен или спротивен на волјата на српскиот народ и српските свештеници од  крајот на 18 и почетокот на 19 век. Ова посебно се однесува на митрополитот Леонтиј, кој бил митрополит на Белград и на цела Србија во времето од 1801 до 1813 година. Во тие најсудбоносни денови за српскиот народ и за Српската црква, митрополитот Леонтиј се ставил себеси на страната на непријателот на српската револуција и српскиот народ".

Во продолжение, Спасовиќ потсетува дека грчкиот владика Леонтиј на многу нечесен начин дошол на чело на епархијата во Србија и дури бил вмешан во убиството на сопствениот духовен учител Методиј.

Познато е дека непосреден повод за српското востание бил жестокиот терор на дахиите (отомански управници) над српското население. Спасовиќ потсетува и дека грчкиот владика имал одлични односи и пријателски врски со дахиите, кои го тероризирале српскиот народ. Во врска со ова, Спасовиќ пишува:

"Својата доверба кај дахиите тој ја градел врз предавства на српските свештеници и други угледни луѓе".

Грчкиот владика Леонтиј бил најзаслужен за убиството на прочуениот белградски архимандрит Хаџи Рувим. Тој прво го повикал во Белград, каде што го прашал за расположението на народот. Кога Хаџи Рувим му одговорил дека Србите многу тешко живеат под отоманското ропство, Гркот Леонтиј го наклеветил на турската власт, по што Хаџи Рувим бил осуден на смрт и главата му била отсечена на Калемегдан во јануари 1804 година. За време на востанието, Леонтиј заминал во Цариград, од каде што донел документ со услови за мир помеѓу војската и востаниците, што значи дека имал контакти со највисоката отоманска власт. Современикот на тие настани и учесник во српското востание,  Матија Ненадовиќ, во врска со ова пишува:

"Кришум дознавме дека тој (Леонтиј, з.м.)  сакал да не успееме во нашите потфати... Се трудеше да го убедува народот да не се бориме против Турците". (Прота Матија Ненадовиќ "Мемоари", Целокупна дела. Прир. Владимир Чоровиќ, Народна просвета, Београд стр. 236-237).
Во продолжение Спасовиќ пишува дека во периодот од 1804 до 1806 година Леонтиј бил во Белград, каде што вознемирено ги набљудувал успесите на српските востаници. Кога видел дека тие победуваат, отишол кај нив, сметајќи дека ќе добие некаква корист, но бил избркан лично од страна на Караѓорѓе. Сведокот на тие настани, прота Матија, запишал дека Караѓорѓе го мразел грчкиот фанариот Леонтиј  повеќе и од "најлошиот Турчин", затоа што ги терал Србите да не војуваат, туку да им се покорат на агите.

Потоа Леонтиј заминал за Смедерево, каде што успеал да се вгнезди во востаничкиот Совет, но откако востаниците го ослободиле Белград, Караѓорѓе наредил Леонтиј да биде отстранет од Советот.

Во продолжение, Спасовиќ пишува дека Гркот Леонтиј уште повеќе ги замразил Србите: "Митрополитот Леонтиј отишол толку далеку во својата омраза против Србите, што организирал една странка составена од Грци-трговци и од Срби-платеници, која барала од отоманската влада да постави Грк за управник на Србија".
 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva