Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

 Г.г. Стефан: СПЦ нема искрени намери за дијалог



За поглаварот на МПЦ новиот закон за верски заедници е подемократски

Со поставувањето уште еден српски владика за Македонија, според поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, Српската православна црква јасно укажува дека и покрај декларативното прифаќање од нејзина страна на македонскиот предлог за продолжување на разговорите, постои недостиг од искреност во намерите да се изнајде правилно и праведно решение.

Во моментов, како што е познато, разговорите со Српската православна црква се во мирување, а условите за дијалог се значително отежнати со упорноста во обидите за инсталирање паралелна црковна епархија. Повеќе од очигледно е дека суштината на проблемот е комплексен и не е само црковен. Всушност, спорот најмалку е црковен, оти ако беше таков, тој веќе одамна ќе се разрешеше на црковен начин, вели во интервјуто за МИА архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Говорејќи за врските со другите православни цркви, тој укажа дека тие се одржуваат на таков начин и со можности кои се дозволуваат, притоа посочувајќи дека се негуваат релации со архијереи од другите сестрински цркви, но оти некогаш тоа е на академско, а некогаш и на парохиско ниво.

Поглаварот на МПЦ во врска со Предлог-законот за верски заедници рече дека ова законско решение е прифатливо и одговара на потребите на верниците во Македонија и тоа е заеднички став на МПЦ, на Исламската верска заедница, на Католичката црква, на Евангелско-методистичката црква и на Еврејската заедница.

Постојаното повикување дека верските заедници во Македонија се против либерализација на Законот за верски заедници е парадоксално, смета г.г. Стефан.

Тој вели дека Предлог-текстот на идниот закон е подемократски од законите во другите земји, што регулираат иста или слична тематика. МПЦ, како што додава г.г. Стефан, не треба да се подготвува да прави компромиси, бидејќи оние сугестии кои упатуваат на проблематични решенија, а кои се во името на божемната либерализација водат кон подмолна анархичност. Сегашните советници, откако ќе си ја извршат задачата, ќе си заминат, а државата и народот ќе бидат тие што ќе треба да ги сносат последиците. (П.Р.)
 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva