Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Резолуција од Епархиското Собрание одржано на 10 Мај 2008 во Totowa, NJ

 

 



Следејќи се  што се случува во нашата Татковина Македонија, како и надвор од нејзините граници, по самитот на НАТО, што се одржа на 4 април 2008 година во Букурешт, Генералното собрание на Американско-канадската Македонска Православна Епархија, од име на Македонските православни цркви во нејзината диецеза, како и Македонската дијаспора во САД и Канада, ја донсе следнава




Р Е З О Л У Ц И Ј А


 
- Во овој историски миг, Република Македонија е изложена на невидени притисоци и нечесни игри за промена на нејзиното вековно и уставно име Република Македонија. Уште повеќе, од нашиот јужен сосед Република Грција, на Македонија и` е наметната една невидена агресија и уцени, без преседан во светската историја, против нејзиното историско име, нејзиното културно наследство, против националниот идентитет на македонскиот народ и против неговото право на самоопределување, кое е гарантирано во секоја демократска држава во светот. Правото на посилниот од античко време, во 21-от век, не само што е анахроно, туку е и неприфатливо за современиот свет.
 
- Имајќи го сето тоа предвид, и` изразуваме цврста поддршка на Владата на Република Македонија и на сите политички субјекти во Татковината, достоинствено да ги издржат сите притисоци кои доаѓаат однадвор, но и одвнатре, за промена на нејзиното име. Нема ништо посвето и позвишено од она што Бог ни го дал Македонија! Никакво членство и никакви цели, не можат да бидат замена за нашиот историски континуитет, национален идентитет и достоинството на македонскиот човек во Татковината, како и на Македонците ширум светот.

- Апелираме и до сите политички партии, невладини организации и асоцијации во Република Македонија, да бидат единствени и сплотени и бескомпромисно да застанат во одбрана на нејзиното уставно име.

- Исто така, генералното собрание на Американско-канадската Македонска Православна Православна Епархија, му изразува искрена благодарност на претседателот на Соединетите Американски Држави господинот Џорџ Буш за сите негови заложби, безререзвната и сецела поддршка на Република Македонија пред самитот на НАТО, за време на самитот и по него, за нејзино интегрирање во евроатлантските организации и аоцијации.
Да живее Македонија!

Резолуцијава да се достави до сите релевантни фактори во Република Македонија.



ЕПАРИСКОТО СОБРАНИЕ НА
АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКАТА МАКЕОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПЕРХИЈА

10 мај 2008 година, Тотова, Њу Џерси

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva