Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

 Возљубени во Господа,
 
  

Денешниов ден е ден за историја - ден што ќе се забележи во животот на Македонската православна

црква и ќе се запамети од македонскиот народ! Со денешново востоличување на Неговото Високопреосвештенство г. Методиј за надлежен архиереј на Американско-канадската македонска православна епархија, со Божја помош, по молитвите на свети Климент Охридскиот чудотворец и покровител на нашата света Македонска Православна црква, извршивме чин којшто ќе се забележи и ќе остане во небоземната меморија на Црквата Христова, меѓу нашиот богољубив македонски народ.
 Да се избере и востоличи, да се има свој надлежен владика значи - да се има свој пастир и епископ, кој најодблизу и постојано ќе го надгледува и чува своето духовно стадо.
____________


*Слово на востоличувањето на Митрополитот Американско-канадски  г. Методиј изговорено во Епархискиот соборен храм Св. Климент Охридски - Торонто, на 2 септември 2006.

 Затоа, гледајќи го митрополитот Методиј овде, на ова свето место, во архиерејскиот трон на Соборниот храм на Американско-канадската македонска православна епархија, придружуван уште со двајца митрополити, не можам а да не ви речам - заедно да извикаме: Боже, Ти благодариме, што не чуваш и ни помагаш да растеме како Црква и како народ и што имаш милост кон нас! 


 Ќе потсетам заради верата во себе, верата наша православна, научена на дедовските и татковските огништа, која, неможејќи и овде да ја живееме и да Го славиме Бога и Неговите светии во свои светилишта почнавме најпрво под туѓи стреи, потоа позајмувавме туѓи олтари, па, со Божја помош, дојдовме и до првата своја црква, за, еве, денес да стигнеме до триесетина македонски храмови на овој континент.

 Возљубени,


 Во историјата на Македонската православна црква, раката на времето секојдневно и постојано ги бележи настаните од нејзиниот живот и дејност. Божји дар и благослов беше, она што како народ го започнавме со црквите, најпрво во Гери и Колумбос, во Соединетите
американски држави, како и овде во Торонто, па во Хамилтон, во Канада. Бог никогаш не престанува да ги излива Своите милости врз светата Црква.

Со доаѓањето на митрополитот Кирил за надлежен 

архиереј, пред скоро четириесет години, како и на другите архиереи потоа,  заедно со свештенството

и трудољубивиот и богољубив наш народ, со епархиските органи и тела (Епархиското собрание, Епархискиот управен одбор и црковните управи), со севкупното членство и сиот наш народ заедно , е направено многу, а сето тоа е потврда дека Господ и во овие земји не не остава без Своите добрини!


 Еве, и оваа година и, особено, на овој ден, Господ ни дарува поводи за радост во нашата света Црква, која го продолжува своето свето дело, непрестајно грижејќи се за својот народ за да напредува и расте во доброто, да го доближува до Бога и да го помага да биде во вечно единство со Него.


Високопреосвештен владико,


 Еве, Господ Бог, по молитвите на светите Климент и Наум, на светите Кирил и Методиј и на сите македонски светии, Ве удостои да служите меѓу македонскиот народ на Северноамеринанскиот континент. Нашата света Црква, преку Одлуката на Светиот архиерејски синод, Ве испраќа како што некогаш Господ Исус Христос ги испрати Своите апостоли, за да проповедаат, да го просветуваат и собираат народот. Бидете апостол и епископ за родот наш македонски, бидете учител и пастир за рожбите
наши македонски, бидете духовник и слуга, распалувајќи го постојано Божјиот дар што го имате (сп. 2. Тим. 1, 6) - бидете се за овој наш народ, за да го зачуваме пред историјата и да го придобиеме за Бога, и на земјата и за на небо.


 Македонската православна црква, како благословено од Бога дело Павлово и Климентово, има своја божествена порака за секого, засекогаш и насекаде. Таа има и историска традиција во духот на вечната Вистина, има трајни начела и нејзината евангелска мисија го определува и долгот на нашето служење. Тој долг го имате и Вие, Високопреосвештен владико, и од денес па натаму, тоа Ве обврзува со уште повеќе љубов, со уште поголема жртва да му служите на Божјото и македонското црковно-народно дело.
 Бидете благовесник на Божјото Слово, чувајте ја чистотата на верата православна, служете и совесно и достојно на оваа Епархија и на Македонската православна црква, надградувајте го единството меѓу нашиот народ и во нашата света Црква, барајќи го она што служи за мир и заемно подобрување еден на друг (Рим. 14, 19). Колку е поорганизирана и духовно посилна оваа наша Епархија во САД и Канада, толку ќе биде подобро за целата МПЦ!


 Пазете на себе и на целото стадо, меѓу кое Духот Свети ве поставува, за да ја пасете Црквата на Господа и Бога(Дела 20, 28), имајќи секогаш на ум дека - царството Божјо не е во зборови, туку во сила (1. Кор. 4, 20), односно во силни и големи дела.


Еве, по Божја милост, од денес Ви се дава можноста да бидете достоен служител и соработник на големиот Градител на царството Божјо - Господ Исус Христос, за да се удостоите да примите награда за верност и усрдност.


 Раката Господова и Неговиот омофор, по молитвите на светите Климент и Наум, на светите Кирил и Методиј и на сите светии нека бидат врз Вас. Амин!

 На многаја лета, Високопреосвештен владико! 

 

 

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti