Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Собир на децата бегалци од Егејска Македонија

emilija-jovanovska.jpgЕмилија Јовановска

 

http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif

http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif

11.05.2008 19:14

http://media.a1.com.mk/media/vesti200/sobir-egejci.jpg

И по 60 години не може да се заборави ужасот, стравот кој го поминавме, бегајќи од родните огништа, вели Станка Дурланоска.

Таа е една од 28-те илјади деца кои се протерани од Егејска Македонија за време на Граѓанската војна во Грција. Се раселиле секаде по светот.

Од осум години живеев во Југославија, браќата не знам каде се. После разбравме преку Црвен крст за нив дека се во Унгарија и така се прибравме, изјави Станка Дурланоска, бегалец од Егејска Македонија.

Ѓорѓи Харастиков имал само шест години кога пребегал од Грција. Заедно со други деца бил однесен во Чехословачка, разделен од своето семејство.

Мајка ми беше во Полска јас кога бев во Чешка, па после не примиле со група наши деца, заминавме после кај родителите, рече Ѓорѓи Харастиков, бегалец од Егејска Македонија.

Прогонетите Македонци не можат да се вратат во Егејска Македонија, да ги видат своите куќи, да ги посетат гробовите на своите предци, затоа што Грците не им дозволуваат.

Ни мажот ми, ни девер ми, золва имам, никој не може да се врати ако не се пишат Грци, а тој Грк не сака да се пише. Вели, јас сум Македонец, не можам Грк да бидам, вели Марија Ујуновска, бегалец од Егејска Македонија.

Денешниот собир на децата бегалци со одржа под мотото 60 години прогонство што трае.

Со грчкиот план за протерување на Македонците предвидено беше во 1947-ма, во екот на Граѓанската војна во Грција, да се протераат 105.000 Македонци и 2.200 Власи и да им се забрани доживотно враќање во татковината, изјави Сократ Пановски, организатор на собирот.

На собирот присуствуваше и премиерот Никола Груевски. На Македонците кои ги минале ужасите на грчкото прогонство им порача - простив, но не заборавив.

Го разликуваме доброто од злото и се спротивставивме на фашизмот, ја обновивме својата држава и својата црква, рече Никола Груевски, премиер.

И покрај сите премрежја на кои се најдовме во овој не така љубезен век, ние постоиме. И покрај сите неправди и недела кои ни беа сторени, христијански простивме, додаде Груевски.

Собирот на децата бегалци од Егејска Македонија се одржа во Сарај, со богата културно-уметничка програма.

Од собирот тие порачаа дека се за европска Македонија, членка на НАТО, но дека уставното име мора да се зачува.

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva