Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)


 Политика


МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ ВРАНИШКОВСКИ

Не трпам притисок од никого

"ЛИЦЕТО ЗОРАН ВРАНИШКОВСКИ Е ДРЖАВЈАНИН НА МАКЕДОНИЈА, НЕ Е ПРИПАДНИК НА СРПСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА И СЕ ОБИДУВА ДА ВОСПОСТАВИ НЕКАКВА ЦРКОВНА ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА НЕМА ЗА ЗАДАЧА ДА ГИ ШТИТИ ИЛИ ИСПОЛНУВА РЕЛИГИОЗНИТЕ ЧУВСТВА НА СРБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ТУКУ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА СУПСТИТУИРА И НЕГИРА МПЦ", РЕЧЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Претседателот Бранко Црвенковски досега не бил подложен на никаков притисок од претставниците на меѓународната заедница во врска со случајот Вранишковски, а како што вчера самиот објасни, дури не забележал ниту некаков посебен интерес на дипломатите за тоа прашање. 
"Не можам да тврдам за другите носители на функции, но до мене не е вршен притисок, но и доколку би постоел, сепак, треба да се води сметка дека станува збор за одлука на судската власт која е независна од другите власти", рече Црвенковски по завршувањето на церемонијата на испраќање на армиските претставници во медицинскиот вод на земјите од Јадранската група во Авганистан.  На прашањето дали српскиот претседател Борис Тадиќ го менува ставот во врска со расколникот Вранишковски, бидејќи прво оцени дека е тоа внатрешно прашање на Македонија, а сега по средбата со поглаварот на СПЦ Павле, наводно изјавил дека од македонските власти барал ослободување на Вранишковски, македонскиот претседател со куса оценка дека не би сакал да коментира дополнителни изјави ниту од српскиот претседател ниту од друг претставник на официјален Белград. Меѓутоа, Црвенковски повтори дека во единствениот досега остварен телефонски разговор со Тадиќ на ова прашање било заеднички констатирано дека треба да се направи се односите меѓу двете држави и двата народа да не се влошат и институциите од едната и другата држава да не преземаат мерки што би можеле да се толкуваат како мешање во внатрешните работи на другата држава.
"Стојам зад она што го разговаравме и дека не треба да има мешање во внатрешните работи на другата држава. Ако, пак, зборуваме за лицето Зоран Вранишковски, треба да се знае дека станува збро за државјанин на Македонија, дека тој не е припадник на српското национално малцинство во Македонија, и дека е тоа лице кое се обидува да воспостави некаква црковна организација која нема за задача да ги штити или исполнува религиозните чувства на Србите во Македонија, туку има задача да ја супституира и негира МПЦ", рече македонскиот претседател. (С.Д.) 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva