Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

На што се чуди орелот



Деновиве, на сајтот на Српската Православна Црква е ставена информација што е преземена од сајтот на таканаречената ПОА, во која се тврди дека некој нивен епископ е претепан и истеран од гробиштата во Битола, Република Македонија. Тоа претставува уште една груба лага и дезинформација од серијата на лаги и полувистини што постојано преку ваквите сајтови се шират во православниот свет, на штета на угледот на Македонската Православна Црква и на севкупното црковно единство.

Согласно сведоштвото на лица коишто биле на местото на случувањето, потврдено дури и од припадници на таканаречената ПОА, знаеме дека од страна на агенцијата за обезбедување и од полицијата не била применета никаква физичка сила врз свештеното лице на српскиот егзархат, освен што бил истеран од гробиштата кои се имот на црквата на Света Недела во Битола. Како што е познато, на тие лица не им е дозволен пристап или какво било вршење на верски обреди на имот на Македонската Православна Црква. За нарушување на владение на туѓ имот, луѓе фатени на лице место биле и притворани.

Целта на ваквите груби лаги и дезинформации, кои редовно произлегуваат од приврзаниците на очајниот егзархат, е да се оневозможи и запре меѓуцрковниот дијалог на Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква, а со тоа да се продолжи во недоглед меѓуцрковниот спор. Се разбира, од ваквата состојба корист имаат единствено лицата што ги пласираат ваквите лаги и полувистини, кои на овој начин сакаат да си ги зачуваат или подобрат своите позиции во парацрковната структура и пред Српската Православна Црква. Но веќе се прочитани од сите Помесни Православни Цркви, а прочитани се и на Света Гора.

Секако, тешко нас!, најнапред пред Господ, ако оваа вест беше вистина. Но, ако беше, сигурно ќе ја видевме фотодокументирана, и медицински и полициски, и испратена на сите релевантни фактори во светот. Тоа ќе беше плачење, лелекање и покажување по цела екумена. Ги видовме и порано со бараката во Драчево.

Но тоа е начинот на кој полжавот стига до врвот, со лигавење. Па, нека ти е среќен патот, брате уредник на сајтот на предавничката парацрковна структура. Само што Христос Господ Го предадовте, а не нас...

 
од редакцијата на официјалниот сајт на  

Македонската Православна Црква
www.mpc.org.mk

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti