Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Започна повеќедневната посета на Грција на Цариградскиот патријарх (18.10.2006)

На 16 октомври започна посетата на Грција на Цариградскиот патријарх Вартоломеј. Како што соопштија во генералниот секретаријат за информации во Владата на Грција, патријархот Вартоломеј во текот на неделава ќе води преговори со државното раководство и архиереите на Грчката Православна Црква. Така, во понеделникот, во зградата на Архиепипископијата во Атина патријархот одржа средба со Архиепископот Атински и Грчки Христодул. Грчкиот Архиепископ притоа повторно ја изрази својата целосна поддршка на Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Сепак, извори велат дека тековните прашања во врска со односите меѓу двете Цркви не беа допрени.  

Поглаварот на Цариградската Црква ја носи титулата вселенски и се смета за прв меѓу еднаквите во диптисите на поглаварите на помесните Православни Цркви. Притоа, патријархот Вартоломеј е државјанин на Турција и неговиот вселенски статус турските власти одбиваат да го признаат, оставајќи му за право да се смета само за лидер на крајно немногубројната грчка заедница во Истанбул. Во последните години зачестија нападите против патријархот Вартоломеј од страна на турските националисти, од кои некои бараат дури и негово протерување во Грција. Од друга страна, и односите на патријархот со Грчката Православна Црква не беа релаксирани. Така, Грчката Црква настојуваше на правото самостојно да назначува митрополити на некои катедри во Грција, кои, според мислењето на Цариградската патријаршија и понатаму се под нејзина јурисдикција. Сепак, врските со Црквата во Грција успешно се востановени и сега патријархот Вартоломеј добива политичка и морална поддршка не само од грчката Влада туку и од поглаварот на Грчката Црква, Архиепископот Христодул.

Поддршка од грчката страна особено му е потребна на патријархот сега кога преговорите на Турција за влез во Европската Унија се одолговлечуваат, а планираната посета на римскиот папа Бенедикт XVI на Цариград предизвикува крајно негативна реакција кај турските националисти. Нема отстапки кон Цариградската Патријаршија и од турските власти: овој месец турскиот Парламент одби да усвои амандмани на Законот за верско образование со кои би се овозможило возобновување на работата на православната семинарија на островот Халки, затворена пред триесеттина години. Посетата на патријархот Вартоломеј ќе трае до 24 октомври.

известува: Patriarhia.ru
 

back.gif (1338 bytes)

Vesti