Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

 

НОВО ПИСМО ОД ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ ВАРТОЛОМЕЈ
Цариград и се заканува на МПЦ

 

Брисел немаше доволно информации за случајот "Вранишковски": Бискупот Хомајер (лево) и владиката Стефан

 

 

Вселенскиот патријарх Вартоломеј остро им се заканил на Македонската православна црква и на македонската држава во писмото испратено во минатата недела до премиерот Владо Бучковски, дознава "Дневник". Во писмото со исклучително остра содржина, тој повторно се заложил за ослободување од затвор на расчинетиот владика Јован Вранишковски, осуден на две и пол години затворска казна.


Писмото на вселенскиот патријарх речиси се совпадна со вчерашната средба на поглаварот на МПЦ, архиепископот Стефан, со бискупот Јозеф Хомајер, претседател на Европската бискупска конференција.


На средбата, како што дознаваме од доброинформирани извори, Хомајер му соопштил на архиепископот Стефан дека тој "никогаш не барал пуштање на слобода на Јован Вранишковски, туку само почитување на негови човекови и граѓански права". Освен ова, бискупот Хомајер му рекол на поглаварот на МПЦ дека тие "немале доволно информации за случајот Вранишковски". Влијателниот бискуп укажал дека целиот случај ќе добиел друга димензија доколку на видело излегла вистината околу можните финансиски проневери за кои се обвинува Вранишковски.


- Јас ги посетувам земјите од Западен Балкан за да имам повеќе контакти со црквите од тие земји што ќе влегуваат во Европската Унија. Сакам да се запознаам со проблемите и со грижите на тие цркви и да ги слушнам нивните очекувањата - се наведува во писмената изјава на бискупот Хомајер.

 

Претседателот на Европската бискупска конференција неодамна испратил писмо до високиот претставник на ЕУ, Хавиер Солана, во кое искажал загриженост како случајот "Вранишковски" бил воден пред битолскиот суд. Тој побарал примена на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи - верската и слободата на изразување.


Барањето државната власт да се заложи за пуштање на слобода на Јован Вранишковски било остро потенцирано во писмото на вселенскиот патријарх Вартоломеј до премиерот Владо Бучковски. Цариградскиот патријарх, дознаваме, обвинил дека со "владиката Јован не се постапувало црковно" и дека затоа не смее веќе да остане во затворот во Идризово. Засега не е познато дали во писмото има и други конкретни закани за МПЦ и за македонската држава. Во Кабинетот на премиерот Владо Бучковски вчера потврдија дека писмото било примено, но не го коментираа. "Дневник" дознава дека за писмото на вселенскиот патријарх бил информиран и поглаварот на МПЦ и членовите на Синодот на МПЦ. Владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ, вчера изјави дека "не е запознаен со содржината на писмото".


Вселенскиот патријарх Вартоломеј во август испрати писмо до премиерот Бучковски, во кое го замоли да "нареди итно ослободување од затвор на еминенцијата Јован и да им сугерира на еминенциите враќање на преговарачката маса со СПЦ". Во својот одговор премиерот Бучковски потенцира дека природата на неговата премиерската функција не му дозволува да нареди ослободување на некој прекршител на законите.


МПЦ вчера соопшти дека бискупот Хомајер бил запознаен со состојбите во МПЦ, како и за односите на МПЦ со Католичката црква и со другите верски заедници во Македонија. Разговорот, според соопштението, поминал во духот на евангелската љубов и разбирање.

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva