Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Под полициско обезбедување промовиран македонскиот буквар

Горан Момировски

08.11.2006

Под засилено обезбедување на специјални полициски сили, вчера во Атина е промовиран букварот на македонски јазик.  

Осум децении откако по налог на друштвото на народите, грчката Влада го отпечати и набрзо изгоре првото издание на абецедарот на македонски, вчера во клубот на атинските новинари промоција на второто издание.

Ова е порака до грчкиот народ, дека мора да научи да живее со сите други етнички и јазични различности вели претседателот на грчкиот комитет на европското биро за помалку употребувани јзаици.

Со тоа историско издание и докажуваме на јавноста, на грчкиот политички свет, на тие кои пропагираат на тој начин дека не постои нешто такво, дека ние сме едно створение титовско или коминтернско или не знам од какви темни црни сили. Тука е вистината, во абецедарот, тоа е јазикот кој постоеше и пред бивша Југославија, изјави Атанасиос Парисис, од грчкото Биро за помалку употребувани јазици.

Издавач на абецедарот е Георгиос Накрацос, лекар и интелектуалец, еден од ретките Грци по род, кои во последниве децении јавно говореа и пишуваа за постоењето на македонскиот малцинство.

Ги поддржувам Македонците од Грција за самоопределување, да ја изразат својата определба за тоа што се, ги поддржувам да го промовираат својот јазик. Тие само треба да бидат лојални граѓани на Грција и јас секогаш ќе бидам со нив., рече Георгиос Накрацос, издавач на букварот.

Печатењето на абецедарот, индиректно го помогна и грчката Влада, откако судот за човекови порава во Стразбур и наложи да ги плати како казна за опструкциите на политичкото здружување на Македонците.

Наредната промоција на букварот треба да се одржи во Солун, но засега организаторите се соочуваат со стариот проблем. Пронаоѓање сала за промоција во седиштето на грчкиот национализам, Солун, сеуште е голем проблем за македонското малцинство во Грција, за кое минатата недела министерката за надворешни работи на Грција Бакојани, рече дека не постои.  

 

     

 

back.gif (1338 bytes)

Vesti