Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

 

 

 

На големиот собир во манастирот во Берово покрај многубројните верници беа претседателот Бранко Црвенковски и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан

 

 

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ВЧЕРА ЈА ПРАЗНУВАА ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА
Божјата мајка да ни го зачува единството
Се молиме да ни ја зачува љубовта за да можеме да бидеме нејзини достојни почитувачи - рече архиепископот г.г. Стефан

Илјадници православни христијански верници во Македонија вчера во црковните храмови и ги посветија своите молитви на пресвета Богородица. Овој голем верски празник кој во народот уште се нарекува и Голема Богородица се одбележуваше со литургии, палење свеќи, земање лепче и осветена вода за здравје на верниците и нивните семејства. Најсвечено беше во Скопје, градот чија заштитничка е Богородица, но и во Берово каде што се одржа традиционалниот курбан. Се празнуваше и во Лешочкиот манастир, во Охридско и на многу други места каде што посебно се негува култот посветен на мајката на Исус Христос.

- Денеска се слави насекаде во светот. Ова е можност да и се помолиме на мајката Божја од името на сиот наш род, овде во земјава и распослан по сиот свет, да ни го сачува единството, мирот и да ни ја зачува љубовта, за да можеме да бидеме достојни почитувачи на Богородица и на Евангелието на нејзиниот син - рече г.г. Стефан.

Меѓу верниците во Беровско вчера се појави и шефот на државата Бранко Црвенковски. Тој и архиепископот Стефан прво го посетија женскиот манастир "Св. Архангел Михаил", а потоа и манастирот "Успение на пресвета Богородица" во чија околина се собраа околу 10.000 верници. Традиционално, за сите беше обезбеден манастирски ручек. Беровци го викаат "трпеза на љубовта", како што христијаните го нарекувале и пред десет века, додека во народот уште се употребува и зборот "курбан".

- Годинава храната се подготвуваше во 102 големи котла. За ручекот беа подготвени 135 овци и јагниња што ги донеле верниците. На денешен ден никој не треба да остане гладен. На ваков начин најубаво се покажува љубовта, разбирањето и солидарноста меѓу луѓето - ни рече Јован Мирчевски, главниот готвач.

Во Скопје, празникот, по традиција најмасовно се празнуваше пред црквата посветена на мајката Божја на Матка, но и пред црквата "Света Богородица", која е во изградба, во центарот на градот. Архиепископот Стефан вчера изутрина началствуваше на богослужбата во манастирот на Матка. Во црквата која датира од 14 век беше и градоначалникот на Скопје Трифун Костовски. Тој рече дека се надева оти изградбата на храмот посветен на Богородица спроти МАНУ, ќе биде готова до крајот на годината и дека в година централното чествување на празникот ќе биде во неа.
 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva