Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Еве, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе, зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, кој е Христос Господ" (Лука 2. 10-11).


            Архиерејска Божествена Литургија

Во Архиепископскиот соборен храм Свети Климент Охридски меѓу насобраните верници , беа присутни и премерот Никола Груевски, претседателот на републичкото Собрание Љубиша Георгиевски, министерот за правда Михајло Маневски и Амбасадорот на Европската унија во Македонија Ерван Фуере.

 

Благословени сте сите Вие кои влеговте во овој Храм и покажавте љубов и страв пред Бога  беа зборовите со кои господин господин Стефан ја започна денешната беседа пред собраниот народ кој денеска дојде во Свети храм.

- На овој светол и величествен ден го прославуваме најголемиот настан во историјата на човечккиот род, раѓањето на Божјиот син, Господ Исус Христос. Неговото доаѓање на земјата во таа неповторлива ноќ, ги загреа срцата на Витлеемските пастири , ги израдува мудреците од Исток и го утеши сето Адамово потомство. Еднородниот Син Божји на себе прими тело човечко за да го ослободи човештвото од оковите на гревот, од темнината и незнаењето и дарувајќи му спасение, го упати кон вечната правда и вистина, рече господин господин Стефан.

Тој во своето обраќање кон насобраниот народ истакна дека затоа сите кои разбраа и поверуваа, едносушно го славеа новородениот богомладенец, го возвеличија  Богочовекот и спасителот на светот, зашто од небото нема друго име дадено на луѓето со кое би можеле да се спасиме.

- Возљубени, наши духовни чеда, и ние денес да се радуваме и да го воспеваме новородениот Богомладенец, кој се јави меѓу луѓето да донесе мир и љубов. Бог слезе на земјата за човекот да се воздигне на небото. Да се радуваме и веселиме зашто се послушани молитвите на богоугодниците и исполнето е ветувањето на Отецот небесен, дека ќе дојде време кога ќе биде испратен Месија да ги помири луѓето со својот спасител. Да се радуваме и веселиме зашто преку пресветата Дева Марија се роди спасителот на човечкиот род, додаде госшподин годподин Стефан.

Тој им порача на насобраните верници во Светиот храм дека денешниот ден е за славословење, радост и благодарење. Затоа да пријдеме заедно со ангелите и да му оддадеме слава на Господа, да го скитиме со благодарноста на неговото неизречиво милосрдие и за неговата бескрајна љубов што ја покажа кон човечкиот род, рече господин господин Стефан.

 

 


Божиќ - денот на Христовото раѓање
МИА  
  
07.01.2007
Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Евангелието го опишува настанот кога се родил Господ Исус Христос. Настанот ни сведочи дека римскиот император Август заповедал да се изврши попис на населението во Империјата. Тогаш праведен Јосиф и Света Дева Марија пристигнале во Витлеем, бидејќи биле од родот Давидов.

Немајќи каде да преноќат, тие отишле во пештерата каде ноќевале пастирите. И токму тука се роди Господ Исус Христос. Светлината и гласот на ангелите беа првите вести што ги видоа и слушнаа пастирите Не бојте се! Денеска се роди Спасителот, кој е Христос Господ: и еве Ви знак: ќе најдете Младенец повиен во јасли.

И ангелскиот хор веднаш ја запеа песната Слава на Бога во висините, а на земјата мир меѓу луѓето со добра волја (Лук.2-14). Оваа радосна вест пастирите ја потврдија веднаш и пристигнувајќи во пештерата му се поклонија на Младенецот.

На поклонение дошле и тројца вавилонски мудреци, носејќи му дарови: злато, ливан и смирна. Овие дарови симболизираат: ливанот - бог, смирната - човек и златото - цар.

Во Црквата овој празник почнува да се празнува при крајот на третиот век, затоа што дотогаш Црквата не му придавала многу значење на телесното раѓање.

Многу поважно го сметала духовното раѓање, односно крштението и затоа овој празник се славел заедно со крштевањето на Господ Исус Христос и бил наречен Епифанија.
 

back.gif (1338 bytes)

Vesti