Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

Што всушност се случува со црковниот живот во Австралија?

Прашање кое што верувам многумина си го поставуваат последниве денови. Имено како и секое лето така и ова јавноста во Македонија е повторно непотребно оптеретена со т.н. проблем во австралиската епархија. Велам непотребно затоа што изјавите на некои самонаречени претставници на дијаспората од Австралија всушност доаѓаат од личности кои сто се многу далеку од активностите во црковното живеење во Австралија Тоа се луѓе кои преку лаги и навреди имаат за цел да ги манипулираат иселениците во Австралија со цел да да бидат господари на се она што народот го има создадено во име на МПЦ. За таа цел тие основаа компнии наречени инкорпорирани асоциации кои сто во моментов управуваат со дел од имотот кој што беше изграден од нашиот народ но во име на МПЦ. Но за среќа на вистината а за нивна несреќа со доаѓањето на владиката Петар на чело на австралиската епархија тој успеа да оттргне дел од тој имот и да го стави повторно под капата на МПЦ. И тука всушност се јави и најголемиот отпор на една мала група на иселеници кои што по секоја цена сакаат да си го задржат тој имот да биде под нивна контрола. Нивната перфидност отиде и до таму што на нај безобразен начин ги исфрлија свештениците на МПЦ од црквите и на нивно место ставија распопи. Да биде трагедијата поголема во правниот акт на нивните компании внесоа и еден член со кој тие изјавуваат дека не ја прифаќаат јурисдикцијата на МПЦ со седиште во Скопје. И сега замислете истите тие луѓе се нарекуваат лојални општини на МПЦ. Лојални до тој степен што нивните барања до САС на МПЦ. ги условуваат со приклучување на нивните цркви кон расколникот и одродник Вранишковски. Но сепак треба да знаеме дека во австралија има 21 црковни општини од кои 5 се тие кои што се одделени од мајката Црква. За жал судскиот процесс против нив беше последната опција која што му беше оставена на владиката Петар кој што како надлежен архереј за оваа епархија има исконско право да се грижи за имотот на МПЦ. Велам последна опција затоа сто тие господа ја уништија и историската можност МПЦ да биде со закон признаена од парламентот на Нов Јужен Велс. Имено пред неколу години беше покрената иницијатива од владиката Петар да се поднесе барање во парламентот со кое ќе бараме признавање на статусот на МПЦ во Австралија.Тоа барање беше со симпатии прифатено и од двете спротиставени политички сили во парламентот и законот беше претставен од министерот за внатрешни работи на Нов Јужен Велс. Како и што се очекуваше барањето беше едногласно прифатено во долниот дом на парламентот. И што сега се случи? Пред законот да биде претставен во горниот дом т.н. загрижени македонски патриоти и верници испратија закана до парламентот дека доколку се донесе овој закон австралиските граѓани со македонско потекло ќе бидат навредени и ќе прават јавни протести. И серазбира за мир во куќата законот беше повлечен од процедура. Ете тоа се луѓето кои што со дрва и камења фрлаат по надлезниот архиереј и со тоа го навредуваат и самиот САС на МПЦ и допринесуваат во голема мера да се продлабочува кризата во која што сме и какко народ и како црква.


Горан Макешоски
Секретар на црковниот одбор
На МПЦ во Роцкдале
Сиднеј Австралија

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva