Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

Архиерејска Божествена Литургија во Битола (14.06.2006)

 

 

Вчера, сe навршија 25 години од хиротонијата на Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија г. Петар. По тој повод, Архиерејска Божествена Литургија во соборната црква на свети Димитриј во Битола отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Агатангел и викарниот епископ Хераклејски г. Климент заедно со архимандрититот Некатариј, архимандритот Партениј и архимандритот Иларион и со голем број свештенослужители од Преспанско-пелагониската епархија. После Литургијата Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во името на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар му подари митра. Епископот Климент на својот надлежен Архиереј му подари икони на Пресвета Богородица Пелагонитиса и Господ Исус Христос. На Литургијата присуствуваа г-динот Љубиша Георгиевски и градоначалникот на градот Битола, г-динот Владимир Талески. За присутните, после Литургијата, беше поставена трпеза на љубовта. Градоначалникот на Битола на Владиката Петар му подари мозаик со дел од орнаментиката на Хераклеа, односно паун како симбол на вечноста.

 

  

 

 

 

              

 

 

 

 

              

 

 

 

              

 

 

 


back.gif (1338 bytes)


Makedonska Pravoslavna Crkva