Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија, г-динот Агарон Асатур, го посети Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ... (14.03.2006)

На 14 март 2006 година, во Македонската Архиепископија од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан беше примен Неговата Екселенција, г-динот Агарон Асатур, Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија. На средбата присуствуваа и Митрополитот Преспанско-пелагонски г. Петар и г-динот Константин Берсенев.

 

Во подолгиот срдечен разговор посебно беше коментиран актот на Владата на Република Србија (бр. 06-00-68/2006-01) со кој се потврдуваат донациите коишто Република Србија, преку Министерството за вера, ги упатува на епархиите на Српската Православна Црква што дејствуваат надвор од државните граници на државната заедница Србија и Црна Гора. Несфатливо е влада од земја во која Црквата е одвоена од државата да финансира расколничка дружба во друга држава, да плаќа расчинета група на неколкумина лишени од ерархиските достоинства, чија дејност е спротивна на законите во сите земји, па и во Република Македонија. Архиепископот информираше дека во МПЦ има сознанија за продолжување на патерналистичкиот однос на српската Влада со месечни апанажи за т. н. епархија на Српската Православна Црква во Македонија.

 

На средбата, покрај другото, стана збор и за овогодишното чествување на Деновите на словенската писменост во Русија, на која како претставник на Македонската Православна Црква ќе учествува Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

 

Исто така, соговорниците разменија мислења и за одбележувањето на јубилејот 80 години од изградбата на руската црква на Света Троица во Битола.

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva