Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

Македонија

Алексеј Втори: РПЦ е против создавање паралелни цркви во Македонија

 

 

Москва, 18:19- 23, Februari 2006

Рускиот патријарх Алексеј Втори е против создавање паралелни цркви во Македонија, оти тоа ги продлабочува, а не ги решава проблемите.

Ова било констатирано на синоќешната средба меѓу македонскиот амбасадор во Русија Ристо Никовски и рускиот патријарх Алексеј Втори.

Патријархот Алексеј Втори, меѓу другото, уште еднаш искажал подготвеност да помогне да се реши спорот меѓу Македонската православна црква (МПЦ) и Српската православна црква (СПЦ), при тоа додавајќи дека за да ја прифати оваа улога. очекува согласност од двете цркви.

Рускиот патријарх го повтори ставот на Руската православна црква, според кој, изолираноста на МПЦ и македонскиот народ е штетна, нагласувајќи ја важноста од јакнење на единството на православните народи.

Амбасадорот Никовски изрази задоволство од можноста двајца студенти од Македонија да студираат веронаука во Русија, додавајќи дека во иднина очекува уште побогата соработка меѓу МПЦ и СПЦ.

Македонскиот амбасадор го покани рускиот патријарх Алексеј Втори да ја посети Македонија.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva