Clean Clean MicrosoftInternetExplorer4

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Алексеј Втори повика на дијалог меѓу СПЦ и МПЦ

Макфакс

 

http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif

http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif

03.10.2007

Алексеј Втори

Поглаварот на Руската православна црква Алексеј Втори во Парламентарното собрание на Советот на Европа ги повика на дијалог Српската и Македонската црква.

Мислам дека помеѓу Српската и Македонската црква мора да постои дијалог. Убедени сме дека по пат на дијалог многу проблеми и поделби можат да се решат, рече Алексеј Втори.

Тој повтори дека Руската православна црква повеќе пати повикувала на дијалог.

Рускиот патријарх Алексеј Втори повикот Српската православна црква и Македонската православна црква со дијалог да ги решат проблемите и поделбите го упати од говорницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Настапот на Алексеј Втори предизвика големо внимание на европратениците и на медиумите. Рускиот патријарх зборуваше за црковни и световни теми, за статусот на Косово, а одговараше и на прашања на пратениците.

Француските гласила посетата на рускиот патријарх Алексеј Втори ја оценуваат како историска. Притоа се наведува дека по 1.000 години поглавар на православна руска црква престојува на латински територии, на кои доминира католичката црква.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva