Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Митрополитот Кирил - нов руски патријарх

27.01.2009 20:40

Митрополит Кирил е шеснаесеттиот патријарх на РПЦ

За шеснаесетти патријарх на Руската православна црква е избран Митрополитот Кирил, кој важи за претставник на либералната струја во црквата.

На тајното гласање во храмот Христос Спасител во Москва, 62-годишниот Митрополит Кирил добил 508 гласови од вкупно 700, додека за Климент гласале 169 делегати на Соборот.

Изборот на шеснаесеттиот патријарх на Москва и цела Русија беше означено со 16 удари на камбаните на храмот Христос Спасител.

Митрополит Кирил е роден 1946 година во семејство на свештеник, а завршил Ленинградска духовна академија. Од 1998 године бил архиепископ Смоленски и Калининградски, а од ноември 1989 година претседател на Одделението за надворешни црковни врски и член на Светиот Синод.

Добитник е на многу црковни и државни награди и носител на многу научни одличја.

При соопштувањето на името на новиот поглавар, иконата на Богородица замирисала на миро

Се смета дека Митрополитот Кирил има целосна поддршка од Кремљ и дека меѓу него и државното раководство постои консензус. По смртта на Алексеј Втори е избран за привремен црковен поглавар со тајно гласање на Светиот Синод.

Интересно е тоа што, во очекување на соопштувањето на името на новиот поглавар, руските медиуми јавија дека во храмот Христос Спасител, каде се одржа гласањето за идниот патријарх, иконата на Богородица замирисала на миро.

Еден од учесниците на соборот изјавил дека дното на иконата Омекнување на злите срца во храмот, се оросило со миризлива течност (миро) и дека се чувствува силен мирис.

И други медиуми јавија дека иконата почнала да мириса многу силно, а во црквата служители изјавиле дека од таа икона и порано се чувствувал мирис на миро, но денеска особено силно.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva