Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

Пожар во манастирот Свети Јован Бигорски

 



Active ImageДебар, Македонија - Утрово во 4 часот изби пожар во манастирот Свети Јован Бигорски. Причини за пожарот се проблеми со старата електрична инсталација во манастирот. Пламенот прво гo зафатил кујнскиот дел, по што се проширил во трпезаријата, конаците, библиотеката, галериjата на икони, кои се целосно изгорени. Старата црква не била зафатена од пожарот. Повредени лица нема. Пожарот е локализиран и изгаснат.

Сите ние, Црквата, државата, стопанствениците и народот треба да се ангажираме околу возобновувањето на манастирот како една од нашите најголеми светињи.
извор: www.mpc.org.mk

 




Active Image

Панорамски поглед на Бигорскиот Манастир
(позајмено од 360macedonia.com)
-потребен е QucikTime-


 Дебар, 29 септември 2009 (МИА) - Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, претседателот Ѓорге Иванов и членови на Владата, кои денеска дојдоа во опожарениот манастир Св. Јован Бигорски, изразија жалење за уништеното црковно, историско и културно богатство, но и увереност дека манастирскиот комплекс многу брзо ќе биде возобновен и ќе му биде вратен стариот сјај.

 

- Во раните утрински часови се случи несреќа во Бигорскиот манасртир, се опожари на сите нам познатиот конак, дело на дебарските мајстори. Среќа е што ниту еден од монасите и гостите присутни во манастирот не е повреден. Среќа во оваа голема несреќа е што резбаниот иконостас и манастирската црква се спасени од огнените јазици, благодарение на монасите и жителите на соседните села, кои заедно со противпожарната служба пристигнаа набрзо по избувнувањето на пожарот, изјави г.г. Стефан.

 

Поглаварот на МПЦ очекува што побрзо да почне обновувањето на опожарените делови од манастирот, да се размислува како да се направи ист каков што беше досега, а не за тоа како се случи.

 

- Тагата за Бигорски, верувам дека нема да направи граница меѓу граѓаните на РМ и пискотот од над Радика ќе се слушне надалеку, тагата ќе трае долго, но верувам дека ќе се родат нови мајстори, кои ќе ја продолжат мајсторијата на надалеку познатите дебарски мајстори, дека ќе го возобнвиме ова што денеска за миг го изгубивме. Денешниот случај, оваа несреќа нека биде предупредување за сите нас, колку и како се грижиме за она што нашите постари го направиле и ни го оставиле со многу вера, љубов и уметност во нив. Ја повикувам сета наша македонска јавност оваа несреќа во Бигорски да ја разбере како случај кој ни се случил од невнимание на сите, а не поинаку, нагласи г.г. Стефан.

Претседателот Иванов рече дека манастирскиот комплекс е под заштита на државата и таа ќе стори се да помогне повторно Св. Јован Бигорски да се врати во првобитната состојба.

 

- За жал изгорени се книгите од архивата на манастирот, тоа е неповратна загуба, но благодарение на монасите сочувани се сите икони, тоа богатство што ќе остане за идните поколенија. Материјалната штета е проценета на околу 5,5 милиони евра, меѓутоа архивите и уништетните документи се непроценлива загуба, истакна Иванов.

Министерската за култура Елизабета Канческа - Милевска, изјави дека пожарот уништил значајно културно наследство, бидејќи Бигорскиот манастир -  Свети Јован Крстител, целиот манастирски комплекс, е споменик од исклучително значење за државата.

 

- Стручните екипи на националниот конзеваторски центар и Управата за заштита на културното наследство вршат увид во состојбите. Државата имала и има обврска како и досега да помага на културното наследство и богатство. Министерството за култура и Владата ќе дадат поддршка не само на монасите и монашкото живеење туку и за целосна обнова на унипштената Горна порта, рече министерката за култура.

 

Министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами, пак, апелира сите граѓани, независно од верата и национална припадност, како што се соединиле денеска, да бидат обединети и во обновата на манастирот.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva