Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

 

 

 

МПЦ на погребот на рускиот патријарх


Македонските владици не очекуваат промени во политиката на Руската црква кон МПЦ и по изборот на нов руски поглавар


http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/C605B4D7CAFF7E45AFD6916CF0C5F295.jpgМакедонската православна црква очекува новиот руски патријарх да ја следи принципиелната политика на Алексеј Втори кон македонското црковно прашање. Митрополитот, преспанско-пелагониски, г. Петар, која заедно со портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј денеска ќе присуствуваат на погребот на Алексеј, вели дека рускиот патријарх постојано се залагаше за надминување на спорот меѓу МПЦ и СПЦ со дијалог, а не со формирање паралелни црковни епархии. Негова директна заслуга е и тоа што т.н. црква на Вранишковски се уште нема никаков третман во православниот свет како автонома црква, туку само како составен дел на СПЦ.


- Блаженоупокоениот поглавар на Руската црква, Алексеј, таа принципиелност директо ја искажа и неодамна, кога остро се спротивстави на учеството на Вранишковски на Соборот на православните поглавари во Цариград, иако СПЦ сакаше на мала врата тоа да го протурка.

 

Патријархот Алексеј секогаш зборуваше за дијалог меѓу СПЦ и МПЦ и јасно стави на знаење дека го нуди својот авторитет како посредник. Така што ние како црква, не очекуваме промена на политиката на Руската православна црква, која секогаш и се обраќала на МПЦ под името Македонска православна црква, и со изборот на нов поглавар на Руската црква, вели владиката Петар. Тој потенцира дека токму со благослов на рускиот поглавар, неколку студенти од Македонија студираат на московските духовни академии.

 

Токму поради почитта кон Алексеј, МПЦ завчера во сите храмови отслужи упокоени литургии во чест на починатиот руски поглавар.

Денеска се очекува во книгата на жалост што ќе биде отворена во руската амбасада во Скопје, да се потпишат македонскиот државен врв, но и архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

 

Алексеј Втори ќе биде погребан денеска во Богојавленскиот храм во Москва. Функцијата прв човек на Руската црква, до изборот на нов Патријарх, ќе се извршува, Митрополитот Смоленски и калинградски, г. Кирил.

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva