Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

До Светиот Архиерејски Синод на Руската Православна Црква (05.12.2008)

 

http://www.mpc.org.mk/shim.gifЗнаеме дека, кога земното живеалиште на нашето тело,
кое е како шатор, се разруши, тогаш имаме од Бога дом,
куќа неракотворна, вечно живеалиште на небесата
(2. Кор. 5, 1)

           

 

 

 

Ваши Високопреосвештенства и Преосвештенства,

Драги браќа во Христа Богомладенецот,

 

Со жалење ја примивме веста за упокојувањето на Неговата Светост Патријархот Алексиј II, Поглаварот на Светата Руска Православна Црква.

До вас, браќата архиереи на Светата Московска Патријаршија, до свештенослужителите, монасите и верниците на вашата Света Црква, ја искажуваме нашата болка и тага од името на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, од името на нашите свештенослужители, монаштвото и народот во Македонија, и Му се молиме на Семилостивиот Бог и нашиот Спасител Господ Исус Христос да ја прими душата на починатиот архипастир, патријархот Алексиј II, и да ја смести во место светло и душепријатно, заедно со своите светии.

Не само Вашата Света Црква и Православието во Русија, туку и целиот православен свет загуби многу значајна личност, боговдахновен архипастир и Христоподобен првоерарх, кој живееше заради Христа и достојно за Христовото евангелие (Филип. 1. 27), исполнет со богољубие и братољубие, до целосна подготвеност за жртва, работејќи на нивата Господова, за спасение на својата патства, на сите православни христијани и на сите луѓе.

Неговото богомудрие и човекољубие го покажа и кон нас, преку Неговата евангелска љубов кон Македонската Православна Црква, секогаш залагајќи се за праведно решение на проблемите кои ги има нашата Света Црква. Секогаш со радост ги примавме Неговите совети, исполнети со молитвени благопожелби и желби за вистинска христијанска љубов и разбирање. Во личноста на Свјатејшиот патријарх Алексиј изгубивме и Вие и Ние еден цврст столб на Православието во современото наше живеење и постоење.

Нека му е вечен споменот и Бог да го прости.

 

ПОГЛАВАР  НА

            МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

                                        АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

г.г. СТЕФАН

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva