Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

 

 

 

http://media.a1.com.mk/media/video/Golemi/aleksej.jpg
 

 

Почина рускиот патријарх Алексеј Втори

   

http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif

http://www.a1.com.mk/images/prazno.gif

05.12.2008 10:29

http://media.a1.com.mk/media/vesti200/aleksej.jpg

Алексеј Втори

 

 

Почина рускиот патријарх Алексеј Втори, јави претпладнево агенцијата Итар - Тасс. „Патријархот Алексеј почина. Тоа се случи утринава“, рече портпаролот на Московската патријаршија на Руската православна црква, Владимир Вигилиански.

Тој почина во својата резиденција во Предеклин, во близина на Москва. Засега нема официјално соопштение за причините за смртта, а неофицијално починал од рак.

Како што наведува агенцијата Associated Pres, патријархот долго време пател од срцеви заболувања.

Непосредно по објавувањето на смртта на Алексеј Втори, државната телевизија емитуваше снимки со него и со други официјални претставници, проследени со изрази на нивно сочувство.

„Шокиран сум“, изјави Михаил Горбачов, поранешниот руски претседател кој беше на власт во Кремљ кога Алексеј стана поглавар на Руската православна црква во 1990 година.

„Тешко е да се најдат зборови. Имав неизмерна почит кон него“, рече Горбачов.

Претседателот на руската Дума Сергеј Миронов, изјави дека „ова е огромна загуба за руските православни верници, каде и да живеат“.

Патријархот Алексеј Втори беше етаблирана фигура кој повторно го воспостави авторитетот на црквата по неколку децениското советско управување.

Алексеј Втори е роден како Алексеј Ридигер во Талин, Естонија, 23. февруари 1929 година, во семејство на руски емигранти, а е наследник на благородничко семејство на балтички Германци вон Ридигер, коешто во 18-тиот век го прифатило православието.

Во 1950 година станал ѓакон, а во 1968 - митрополит, на своја 39-годишна возраст.

http://media.a1.com.mk/media/golemi/rusija-crkva.jpg

Алексеј Втори беше избран за патријарх на Руската православна црква во 1990, по смртта на патријархот Пимен.

Ја предводеше големата верска обнова во Русија по распадот на СССР кога биле се изградени стотина нови цркви ширум земјата.

Тој издејствува повторно обединување на РПЦ со задгранична црква на Русија и на 17. мај 2007. година беше ставен крај на 80-годишиот раскол кој започна за време на болшевичката револуција во 1917. година.

Долг период заладени односи со Ватикан. Тој ги обвини католиците за заведување на верниците во Русија и Украина. Алексеј Втори одби да ги прими Папата Павле Втори.

Сепак односите се подобрија по изборот на Бенедикт 16. за поглавар на римокатолиците во 2005. година. Во знак на добра воља, Алексеј Втори ја посети катедралата „Notr Dam“ во Париз во октомври 2007. година за време на својата прва посета на некоја западна земја.

Путин: Смртта на патријархот Алексеј Втори е огромна загуба за Русија

http://media.a1.com.mk/media/vesti200/putin-aleksej.jpg

Путин присуствуваше на клучните црковни церемонии кои ги предводеше Алексеј Втори

 

 

Рускиот премиер Владимир Путин денеска изјави дека смртта на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Алексеј Втори е „трагичен настан и огромна загуба“ за Русија.

Поради смртта на патријархот, рускиот претседател Дмитриј Медведев ја одложи утрешната посета на италијанскиот град Бари.

По завршувањето на официјалната посета на Индија, Медведев денеска ќе се врати во Москва.

Рускиот патријарх беше почитуван и секогаш присутен во политичкиот живот на својата земја, пренесува АФП.

Алексеј Втори ја проближи православната црква до политиките кругови и беше чест гостин во Кремљ. Владимир Путин, како претседател, присуствуваше на клучните црковни церемонии кои ги предводеше Алексеј Втори.

Ја поддржуваше политиката на Кремљ, го осуди НАТО бомбардирањето врз СРЈ, војната во Ирак и го критикуваше кршењето на правата на Русите во поранешните советски републики.

Алексеј Втори ја поддржуваше МПЦ

Во Македонија Алексеј Втори ќе остане запаметен како поддржувач на Македонската православна црква, која секогаш ја ословуваше под нејзиното канонско име. Беше долгогодишен медијатор во спорот меѓу МПЦ и СПЦ.

Ја застапуваше тезата дека двете страни во дијалогот треба да тргнат од заедничкото добро за црквата и да покажат максимална толеранција и чувствителност.

Го застапуваше ставот дека со регистрирање на паралелната црква на Вранишковски проблемот меѓу Македонската и Српската црква нема да се реши, туку само ќе се продлабочи.

„Во овој момент изразуваме длабоко сочувство до Руската црква и до рускиот народ по повод смртта на патријархот Алексеј Втори“, изјави за „Макфакс“ митрополитот дебарско - кичевски на МПЦ, Тимотеј.

Ватикан: Изненадување и болка за смртта на Алексеј Втори

http://media.a1.com.mk/media/vesti200/vatikan.jpg

Ватикан

 

 

Ватикан e изненаден и во болка од веста за смртта на рускиот патријарх Алексеј Втори, се наведува во кусото соопштение што го објави прес службата на Римокатоличката црква.

Секретарот на Епископскиот совет за единство на христијани, задолжен за врските со православната црква, Монсењор Брајан Ферел „изрази изненадување и болка“ на Ватикан од тажната вест, пренесуваат западните агенции.

„На патријархот Алексеј Втори се падна одговорноста да ја раководи Црквата во времето на големи промени. Тој ја исполнуваше таа задача со големо чувство на одговорност и љубов кон руските традиции“, соопшти Ватикан.

 

 

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva