Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

 

1   2   3   4

 

З А
М О Л И Т В А Т А

 Молитвата е разговор на човечката душа со Бога. Она што е воздухот за телото, тоа е молитвата за човечкиот дух. Вистински се моли само оној човек што верува во Бога и во Неговата безгранична добрина; кој ја чувствува својата зависност од Него. За време на молитвата ние Го замислуваме Бога сосема близу до нас и сосема искрено ја отвараме нашата душа пред Него. Со молитва можеме да измолиме се. Затоа и молитвата се именува мајка на сите добродетели. Ние, грешните луѓе, треба и дење и ноќе да Му се молиме на Бога: Кога сме тажни и радосни, кога сме несреќни и среќни, кога сме болни и здрави. Молитвата го прави неможното - можно, тешкото - лесно, непријатното -пријатно. Оној што не се моли, се одалечува од Бога и станува сличен на суво и бесплодно дрво, кое се сече и во оган се фрла. Свети апостол Павле вели: Молете се постојано (I Сол.5,17), а Господ Исус Христос ни заповеда:Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение (Мт.26,41). Постојаната молитва не се состои во постојано стоење на молитва, туку во нашата свесност дека секогаш стоиме пред Бога, дека Господ не гледа, дека ги знае нашите дела, намери, помисли и желби. Оваа свесност секогаш е поврзана со молитвено расположение. Сам Бог заповедал уште во Стариот Завет да се молиме, а псалмопевецот Давид вели:Повикај ме во тажен ден - и Јас ќе те избавам, а ти ќе Ме прославиш(Пс.49,15). Пророкот Јеремија пишува:Ќе викнете по Мене и ќе Ми се помолите, (вели Господ), и Јас ќе ве чујам. Ќе Ме побарате и ќе Ме најдете, ако Ме барате од се срце(Јерем.29,12-13). Во Новиот Завет молитвата се препорачува, речиси, не секоја страница.Господ Исус Христос не pоучува:Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете(Мт.7,7);Се што ќе побарате во молитва со вера, од Отецот во Мое име, ќе ви даде(Јн.15,16) Секој што сака - добива, и кој бара наоѓа(Мт.7,8). Барајте го Царството Божјо, и сето тоа ќе ви се придаде(Лк.12,31). Молитвата е најсилното срество, преку кое можеме да Измолиме милост од Бога. Таа е голема сила; ништо не може Да ја задржи. Таа се извишува до небесата, се издигнува до самиот престол на Седржителот, а се симнува дури и до Пеколот и оттаму ги ослободува затворените.
 

 

 

1   2   3   4

back.gif (1338 bytes)

Makedonska Pravoslavna Crkva