Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

mpc%20vo%20poz.jpg (12847 bytes)

Grb_na_List.jpg (32587 bytes)

2710 godini - MAKEDONIJA
100g.od Ilindenskoto vostan.

NA CELIOT BLAGO^ESTIV MAKEDONSKI NAROD VO REPUBLIKA MAKEDONIJA,  VO EGEJSKA MAKEDONIJA, PIRINSKA MAKEDONIJA I NA SITE MAKEDONCI VO CELIOT SVET MU GO ^ESTITAME ^ETVRTIOT ILINDEN  338 G.PRED G.IS.HR. 1903, 1944 I 1991. VOEDNO NEKA E ^ESTITA I 2710 GODINA OD MAKEDONSKATA DR@AVNOST.

Gl.i odg. za web site
Prota Mitko Poposki
i Blagoj Vasov

Na 2 AVGUST:
338 Pred Gosp.Isus Hristos Bitkata vo Heroneja
1903 Ilindenskoto Vostanie
1944 Prv.Zasedanie na ASNOM
1991 Nazevisna R. Makedonija

Carot Perdika I, vladeel okolu (707-645g.) Pred nego se znaat deka bile: Karan, Koin, Tirim (spored "A HISTORY OF MACEDONIA" OD R.MALCOLM ERRINGTON"

100 Godini
I L I N D E N

Стефан по милоста Божја Архиепископ Охридски и Македонски, заедно со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, до сето свештенство, преподобното монаштво и верните чеда на Македонската Православна Црква, испраќа архипастирски благослов и празничен - илинденски поздрав

Слава и чест на паднатите борци за Божјата правда и вистина, за народна и духовна слобода во Македонија!

Возљубени чеда во Господа,

Во нашиот живот на земјава треба да се исполнува секоја Божја правда. За тоа живееше и старозаветниот пророк Илија, кој е светол пример и за нас како треба да го збогатуваме својот духовен живот. Ако имаме силна вера во Господа, тогаш животот ќе го разбереме како исполнување на своите свети должности - прославување на Бога и наследување на Неговото вечно царство. Та и Богочовекот Христос дојде на земјата - да ја задоволи правдата и да ја исполни волјата на Отецот Небесен.

Значи, Бог ја дава слободата за сите луѓе во поднебесниот свод, па затоа сите сме должни постојано да се грижиме за неа и будно да ја чуваме!

Возљубени празникољубци,

Нашите дедовци, токму во името на таа слобода, на празникот Илинден, пред едно столетие - се кренаа на сенародно востание, за да се изборат за правда и слобода. Ете, токму врз нивната саможртва воскреснаа нашата древна Држава и Црква.

Во славното Крушево се создаде првата Република на Балканот, која беше најава за воскреснувањето на Македонија! Тогаш напукнаа вековните пранги и прозрачи слободата! Навистина, таа слобода траеше кратко, а Илинденското востание беше задушено во крв, но со него беше посеана решителноста за борба до конечно ослободување. Оттаму Илинден 1903 е основател на нашата возобновена државотворност во денешнава суверена и меѓународно призната наша Татковина - Република Македонија, во која слободно може да делотвори и нашата Света Македонска Православна Црква.

Но, тоа нашиот народ го плати скапо - дарувајќи ги животите на недоброј свои синови и ќерки! Ние, пак, денес, ползувајќи ги придобивките од нивните жртви, каде и да сме, во родната Македонија или ширум по светот - должни сме во оваа јубилејна 2003 година, да го оживуваме споменот за нив и да принесуваме молитви за покој на страдалните души на Гоце, Карев, Питу, Даме, Ѓорче, Пере, Јане, Јордан, Сугарев и на илинденците свештенослужители: игумени, монаси, монахињи, свештеници и ѓакони, и на сите борци и бранители на верата и Татковината - паднати за правда и слобода, во Првиот и Вториот Илинден, и во сите борби и востанија до нашиве дни!

Возљубени поклоници на Илинден,

Синот Божји, Господ Исус Христос, дојде на земјава за да го измири човекот со Бога и да донесе мир меѓу луѓето!

За жал, и денес нема мир во многу човечки души, нема мир меѓу бројни држави и народи. Мирот е нарушен и во нашава земја! Ние, Македонците, пак сме страдалници дури и во сопствената слободна земја, при своја Држава и Црква! Човечката пакост зазема несфатливи размери и не избира средства заради свои лични, национални, економски, па и квази-црковни интереси.

Македонија, која беше порта на цивилизацијата, сѐ уште е пред затворените врати на Европа и на меѓународните фактори! Но, ние со надеж чекаме пред нивните институции за вистински подадена рака. Чекаме и веруваме дека христијанското милосрдие и хуманост, со кои и Европа и светот се толку горди, и за нас ќе значат вистинска поддршка и помош. Се надеваме дека нашето прифаќање и од Европа и од другите меѓународни авторитети, ќе значи и почитување и признавање на нашите темелни животни вредности. Најголема помош за нас ќе биде доколку бидеме признати и прифатени со нашето државно и црковно име и национално достоинство! Тоа го очекуваме како исполнување на Божјата и народна правда. Во спротивно, ние и на самиот почеток од третиот милениум, остануваме сами како во времето од пред сто години, во времето на самото Илинденско востание.

Затоа, ние и денес, славејќи го Јубијелот - Сто години Илинден, не празнуваме тожествено, не пееме песни на радост, зашто и кога разгласуваме дека сме жедни - ни се дава оцет да пиеме, како што Му давале на Господ Исус Христос на крстот на Голгота. Но, и покрај се, далеку сме од безнадежност. Илинден е сраснат со душата на нашиот македонски народ, кој знае и да го доживее, и да го надживее секое искушение и распнување, останувајќи секогаш простум!

Токму затоа, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, на овој светол Јубилеј - Сто години Илинден, се обраќа до македонскиот народ и бара - да престанат внатрешните делења, кавги и меѓусебни себеуништувања; бара да се изградува и зацврстува единството и братољубието меѓу нас! Нашата Света Црква ги повикува не само своите верници, сите Македонци, туку и сите одлучувачки фактори во светот - на борба за мир и благослостојба; да нема повеќе војни, крвопролевања, убиства, разурнувања и грабежи! Наместо тоа, секој нека придонесува за взаемно разбирање, почит и љубов меѓу луѓето!

На православните браќа, пак, и на сите помесни православни Цркви, им нудиме и ги повикуваме на нелицемерна љубов и на единство во Господа! Само така сите заедно ќе можеме радосно да воскликнуваме: Слава во висините на Бога, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!" (Лука 2,14).

Возљубени во Господа,

Прославувајќи сто години Илинден, ние сакаме да потсетиме дека на илинденските придобивки им припаѓаат и: излегувањето од печат на книгата За Македонцките работи" од Мисирков; прославувањето 60 години од одржувањето на Свештеничкото собрание во Издеглавје (1943.); 45 години од Вториот црковно-народен собир во Охрид (1958.), 40 години од осветувањето на првиот храм на Македонската Православна Црква на американскиот континент, како и 30 години од формирањето на првите македонски православни црковни општини во земјите на Западна Европа. Сите овие јубилејни чествувања од нашата национална и црковна историја од последново столетие, се сведоштво за нашата богата духовна и национална ризница и цврст темел за нашиот црковен и духовен опстој.

Одбележувајќи ги овие темелни настани од нашето голготско столетие, на сите верни чеда, во Татковинава и ширум по светот, радосно го честитаме Јубилејниот македонски национален празник Илинден, со порака за мир и братољубивост, како меѓу нас, така и со сите луѓе. Нека ни е честите и вековит Илинден!

Слава и чест на паднатите борци за Божјата правда и вистина, за народна и духовна слобода во Македонија! Амин!

На Илинден 2003 година!

 

Архиепископот Охридски и Македонски +Стефан

 

Членови на Светиот Архиерејски Синод:

+Кирил, Митрополит Полошко-кумановски                                                                                                                       

+Горазд, Митрополит Европски

+Петар, Митрополит Австралиско-новозеландски и администратор Преспанско-пелагониски

+Тимотеј, Митрополит Дебарско-кичевски и администратор Повардарски

+Наум, Митрополит Струмички

+Агатангел, Митрополит Брегалнички