Grb Na MPC

MPC
http://www.m-p-c.org/

Grb Na MPC
        width=


MПЦ ги исполнува сите услови за автокефалност
Dr. Jovan Bel~ovski

4 MAKEDONSKI: MPC gi ispolnuva site uslo- viза автокефалност  ПОСЛЕДНИВЕ три години Светиот Aрхијерејски Cинод... 
4 ENGLISH: The MOC meets all requirements for an auto- cephaly  During the past three years the Holy Prelatic Synod...
4 RUSSKIЙ: МПЦ соответствует всем условиям автокеф- альности.    Последние 3 года Святой Aрхиерейский Cинод ...
4 SRPSKI:
4 Glaven i Odgovoren za Internet na MPC
4 ^lensko Eparhisko Sobranie na Amerikansko-Kanadska-Makedonska Eparhija
4 Amerikansko-Kanadska-Makedonska Eparhija

4 Soopo{tenie (10.03.2004)
4 Владика Тимотеј: „Јован и приврзаниците им служат на СПЦ и ГПЦ“
4 Свештеник од Хрватска (18.01.2004)
4 Поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан (18.01.2004)
4 Игумен Методиј Златанов (17.01.2004)
4 Соопштение (13.01.2004)
4 Соопштение (12.01.2004)
4 Демант (12.01.2004)
4 Г.Г. Стефан: „МПЦ заслужува да биде во заедница со другите православни цркви“
4  Soop{tenie
4 Aleksandar Donski
4  Urednikot na web str. na MPC
4 

Amerikansko-kanadskata Makedonska eparhija

4

Vladata i MPC so edinstven stav za provokacijata na SPC

4 

Gruevski:"Atak na SPC i vrz makedonskata dr`avnost"

4

Pobarano raskolnikot Jovan da se osudi i ras~ini

4

Osuda na odlukata i od dr`avniot vrv

4

Makedonskata Pravoslavna Crkva gi otvrla donesenite odluki na SPC

4

Reagirawe na Makedoncite od Avstaralija

4 

Ultimatumot na SPC najmalku hristijanski

4 Pismo od Arhiepiskopot Stefan
do srpskiot Patrijarh Pavle
4

S O O P [ T E N I E

4

МПЦ категорично и одговори на СПЦ
Неприфатливи се обидите за поделба на Црквата на македонскиот наро

4 Jovan proglasen za odrodnik od MPC
4 Македонската православна црква расчисти со расколникот
4

СВЕТИ АРХИЈЕРЕЈСКИ САБОР СРПСКЕ ПРАВОСЛАВНЕ ЦРКВЕ

4 

Ni{kiot Vladika Irinej o~ekuval burni reakcii

4

Oficijalen Belgrad ne reagira{e na odlukata na SPC

4

Srpskata Pravoslavna Crkva so ultimatum kon Makedonskata Pravoslavna Crkva

4  Pismo od Patrijarh Srpski
4 Pismo od Mitropolit Jovan
 

Владика Тимотеј: „Јован и приврзаниците им служат на СПЦ и ГПЦ“

18.01.2004

Тимотеј нив не ги отфрли натамошни преговори со СПЦ туку ги услови со посредништво од трета страна

Поранешниот владика Јован и неговите следбеници кои до неодамна беа во редовите на МПЦ, се предавници и на народот и на Црквата, изјави портпаролот на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, владиката Тимотеј.

„Колку да сакаме тоа да го игнорираме, тој направи едно сериозно предавство на македонскиот народ и на традициите на Светиклиментовата црква и се приклучи кон Светосавска, односно СПЦ. Независно што тие велат дека ќе му служат на македонскиот народ, тие служат апсолутно против него и тоа во најсуштественото, за да излезат во пресрет на СПЦ, односно на Грците, за да ни го избришат името македонско“, изјави Тимотеј во интерву за македонската редакција на Радио Слободна Европа.

Владика Тимотеј потврди дека Синодот „брзопотезно“ ја донел одлуката за примање на Јован во највисокот тело на МПЦ.

„Мојата неодамнешна изјава за избрзани чекори се однесуваше на екс-епископот Вранишковски, кој брзопотезно се вмести во редовите на Синодот, без доволно оценување и познавање, ниту на состојбата во МПЦ од негова страна, ниту пак, членовите на Синодот ја познаваа неговата личност“, нагласува портпаролот на МПЦ.

Владиката Тимотеј, сепак призна, дека во „Нишкиот договор“ од пред две години, тогашниот преговарачки тим на МПЦ прифатил формула за двојно име на Црквата, што тој го оправдува со фактот што тогаш им се чинело како добро решение и кое сепак не било конечно, туку бил само предлог-документ.

„Во Нишкиот договор ние никогаш не се откажавме од името Македонска Православна Црква, како што тоа некои сакаат да го претстават, туку предлагавме да има можност за двојна употреба“, вели г. Тимотеј.

„Оние цркви на кои ќе им пречи името Македонска, а тоа е грчкиот блок, да не нарекуваат Охридска Архиепископија, додека ние никогаш и пред никого да не се нарекуваме така, туку секогаш „Македонска Православна

Црква- Охридска Архиепископија“, за да се излезе од еден лавиринт во кој сме западнати. Но, СПЦ, очигледно служејќи им на грчките интереси, тоа едноставно не сакаше да го прифати“.

Што се однесува до евентуални натамошни преговори со СПЦ, Тимотеј нив не ги отфрла, туку ги услови со посредништво од трета страна, како што беше најавената иницијатива на Руската православна црква.

„До овој момент не гледам некој голем напредок или учинок, но тоа не значи дека РПЦ не прави обиди да создаде можности и прилики да посредува. Но, за посредништво треба да има желба и волја од двете спротивставени страни. Од постапките на СПЦ добиваме впечаток дека таа не е одушевена од таквите намери на Руската Црква, па затоа и ги прави последниве чекори“, изјави г. Тимотеј за македонската редакција на Радио Слободна Европа

 

Свештеник од Хрватска (18.01.2004)

Draga pravoslavna braćo i sestre u Makedoniji,

 

Već nekoliko godina pratim situaciju vezanu za status MPC. No ova posljednja događanja odnosno vjerski teror od strane SPC za svaku je osudu. Čitao sam poslanicu Patrijarha Pavla upućenu makedonskim vjernicima i ne mogu vjerovati da SPC osuđuje Makedonce za etnofiliju. Ne mogu vjerovati da se s takvom isključivošcu SPC obraća, osporavajući pravoslavnim vjernicima, pripadnicima MPC i samo spasenje. Ovih će dana započeti molitvena osmina za jedinstvo kršćana. Kako se kler SPC može uključivati u iskreno ekumensko zajeništvo s pripadnicima drugih kršćanskih konfesija, kada svojoj pravoslavnoj braći osporava spasenje?! Uistinu mi je žao za sve što prolazite a posebice zbog pokušaja unošenja podjele među makedonskim narodom, no Bog je vjeran i pravedan. Dat će i potrebne snage i potrebnu pobjedu. Pozdravljam Vas s riječima Sv.apostola Pavla iz Filpljanima 1,6.

 

Vaš u Kristu i pred Kristom u molitvi,

 

J.M. svećenik

 

Поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан (18.01.2004)

Интервју за белградскиот весник „Вечерње новости”

за новинарот г-дин Младен СТАНЧИЌ

18 јануари 2004 година

 

1.       Сметате ли дека е можно продолжувањето на преговорите со СПЦ околу надминувањето на повеќедеценискиот спор и болното несогласување и покрај тоа што Синодот на МПЦ оцени дека СПЦ продолжува да биде слугинка на етнофилетизмот, националшовинизмот и големосрпската идеја?

Српската и Македонската Православна Црква се две помесни Православни Цркви. Според тоа, независно од искушенијата кои ги обременуваат нивните меѓусебни односи, и двете Цркви се должни да разговараат во духот на евангелската љубов што ја проповедаат. Карактерот и суштината на Христовата Црква и на православната екумена токму тоа го бара од секого, односно од секоја Црква. Непотврдувањето на автокефалноста, ние би рекле на управната и административна самостојност на нашата Света Црква, не ја обезличува, ниту ја прави помалку Божја Црква само затоа што се вика Македонска и што дејствува во Македонија, поинаква од другите Божји Цркви во другите држави во православниот свет.

2.       Дали наскоро може да се очекува средба со Патријархот Павле, имајќи  предевид дека Синодот на МПЦ го обвини патријархот дека „продолжува да сее немир и раздор“ и дека „антиканонски им дава епископство на македонските предавници… кои ја напуштија својата Црква и својот народ”?

Потребна е комуникација меѓу поглаварите на сите помесни Цркви. Како ќе се надминат нерешените прашања ако нема средби на едни со други? Конечно, треба да се разбере дека МПЦ има свој поглавар и свој Синод, коишто СПЦ упорно ги негира.

Синодот на МПЦ никогаш и за ништо не го обвинил Српскиот Патријарх г. Павле, освен за неканонските постапки кон МПЦ од страна на Соборот на СПЦ, чиј претседател е токму тој. Па, кој би толерирал назначување на расчинет клирик за администратор и егзарх во своите епархии, како што тоа го прави СПЦ кон МПЦ? Во Православната Црква расчинувањето на кој било од ерархијата се прифаќа и почитува од сите други Православни Цркви. Што ако црковно судските одлуки за ерархијата на СПЦ не ги почитуваат другите Православни Цркви? До каде тоа може да ја доведе Православната Црква?!

И уште, под изговор дека сака да „воведе канонски ред во БЈРМ”, СПЦ ги прекршува основните канонски правила ракополагајќи дваесет и четири годишно момче за владика за македонските епархии. Ако е тоа во ред, зошто не ракополага такви кандидати и за Србија? Тој чин соблазни и други да побрзаат по владички круни…

3.       Што би можело да биде минимална основа за обновување на братскиот дијалог и разбирање, со цел да се изнајде обострано прифатливо решение? Може ли тоа да биде недовршениот т.н. Нишки договор или нешто друго?

СПЦ и МПЦ не се, ниту можат, ниту пак смеат да бидат непријателски Цркви, зашто себеси би се обезличиле како Цркви Божји. Нивното догматско и канонско учење и вероисповедање во ништо не се разликува од православната екумена. Прашањето е само во тоа дали ние како Црква можеме да дозволиме и натаму, како и во вековите што се зад нас, МПЦ да биде предмет на пазарења, купување, продавање… Не можеме! Сигурно дека и Бог тоа не го сака.

Македонската Православна Црква, без оглед кој и како ја именува и преименува, е една и неделлива. Таа, по бројни и тешки распетија, успеа да си ги врати вековните достоинства на самостојно живеење. Сега кога ги исполнува сите канонски услови, ја очекува само добрата волја и љубовта од сестринските Православни Цркви. Православието само ќе добие со прифаќањето на уште една возобновена древна Православна Црква каква што е Македонската Православна Црква израсната врз темелите на древната Охридска Архиепископија.

Но, за жал, СПЦ нема разбирање за реалниот живот на нашата Света Црква. Место љубов и подадена рака, доживеавме евтино и нечесно однесување, лукаво изитрени потези, што сθ заедно доведе до драматично усложнување во меѓусебните релации. Во Православието единството во одлучувањето на ерархијата е практика и во Српската, и во Македонската, и во сите Цркви. Пред десетина години, на средбата меѓу комисиите на двете Цркви во Калишта, каде што на предлог од делегацијата на Српската Црква беше прифатено евхаристиско единство и од двете комисии, отпосле Соборот на СПЦ го отфрли предлогот на своите претставници. Значи, еднострано прифатениот договор не е обврзувачки за двете Цркви!

Минималната основа за обновување на разговорите може да се очекува само откако ќе бидат повлечени сите одлуки на СПЦ со кои се нарушува јурисдикцијата на Македонската Православна Црква.

4.       Колку во овој момент се реални Вашите очекувања дека во преговорите со претставниците на СПЦ би можел како посредник да се вклучи и Патријархот Московски и на цела Русија, Алексиј Втори?

Црквата е Една, Света, Соборна и Апостолска и нормално е да се очекува помош од браќата од која и да е помесна Православна Црква. Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија г. г. Алексиј е искусен архипастир и авторитет во православната екумена. Доколку сака, може да помогне во разрешување на спорот меѓу СПЦ и МПЦ. Не случајно неговиот претходник, Патријархот Алексиј Први, при официјалната посета на Македонската Православна Црква во Охрид, 1962 година, рече дека „Охрид е словенскиот Ерусалим” и од Охридската Архиепископија и од Свети Климентовиот книжевен центар „прими очи сиот словенски свет”. Тоа значи дека РПЦ не го заборава значењето на Охрид и ја негува љубовта кон нашиот народ и нашата Црква.

5.       Како во овој контекст гледате на формирањето на Охридската Архиепископија на СПЦ, која не ја признавате, имајќи  предвид дека Руската Православна Црква со Украинската Православна Црква, со која е во канонско единство, има слични односи?

Вие добро констатирате дека СПЦ се обидува да формира нова т.н. Охридска архиепископија, но зошто тоа го прави при полувековно постоење на Македонска Православна Црква како вистинска возобновителка на Охридската Архиепископија?! Од друга страна, поради само дваесетина години владеење со македонските епархии, меѓу двете светски војни, СПЦ сака да полага вечно право врз Црквата во Македонија! Или, што би рекол Патријархот Павле кога некој утре во Србија би формирал некаква Пеќска Архиепископија и покрај постоењето на СПЦ?

А зарем не е симптоматично тоа што до неодамна СПЦ не прифаќаше да се повикуваме на Охридската Архиепископија, а сега, наеднаш, сака да постои Охридска Архиепископија, а не Македонска Православна Црква? Зошто? Зарем ние немаме право да си ја викаме Црквата како сите, според името на својата држава и народ?

Секоја помесна православна Црква имала свој пат и свое искуство, кое е многу слично на нашето. Такво било и на Грчката, Романската, Грузиската, Бугарската, па и на Српската! Ние не направивме и не правиме ништо поразлично од она што го правеле тие при нивното возобновување на своите автокефалии! Проблемот не е во Македонската Православна Црква, туку во односот на Православните Цркви кон МПЦ. Она што го направија за себеси, кога им требаше, сега нам ни го ускратуваат!

6.       Како гледате на притворањето на митрополитот Јован за време на богослужението во приватниот стан и на полициските и судските обвиненија на негова сметка, дека со своето дејствување предизвикува национална, верска и расна нетрпеливост? Колку, според Вашето мислење, во неговиот случај може да биде засновано обвинението за националната, поготово расната нетрпеливост и омраза?

Тоа се надлежности на соодветните државни органи. Тие за тоа и постојат – да ги санкционираат криминалните и антидржавните дејанија. Господинот Вранишковски е граѓанско лице, кое е должно да ги почитува законите и прописите на оваа земја, како и секој од нас. Дали во Србија, или во која било друга држава, би му дозволиле на некого да работи против нејзините позитивни закони?

7.       Дали во МПЦ постојат стравувања од нови „предавници“ и „бегалци“, од нови напуштања на МПЦ, слични на оние кои се случија со преминувањето на групата предводена од духовниците Максим и Давид, кои се ставија на страната на Охридската архиепископија?

Предавници имало и ќе ги има секаде, па и кај нас. Бог му дал личен избор на секој човек. Што човек ќе прави, зависи од него самиот и од тоа колку е свесен за минливоста на овој живот и потребата од спасение на својата душа.

Тоа што некои веќе и не се кријат кога работат за да внесат хаос во Република Македонија и во Македонската Православна Црква е мотив повеќе во иднина да бидеме побудни. Предавниците никој и никаде не ги почитува, дури ни оној којшто ги завел. Но, која е цената за предавството на својот народ и својата Црква? И Јуда Го предаде Христа, но се обеси!

8.       Дали до Вас пристигнал предлогот на Струмичкиот Владика Наум за создавање блок на непризнати Православни Цркви, и ако пристигнал, како гледате на таквата иницијатива?

Такво мислење Синодот на МПЦ нема разгледувано...

9.       Како гледате на иднината на МПЦ? Може ли таа, колку брзо и под кои услови да излезе од оваа меѓународна изолација?

Македонската Православна Црква е организирана Црква и има свој плоден евангелски и литургиски живот. Таа се грижи за спасението на доверената паства и без разлика на однесувањето на другите кон неа таа ќе продолжи да ја врши својата мисија. Ние доследно го чуваме учењето на Православната Вера и Преданието на Црквата – па, тогаш кој може и зошто да е против нас? Административните пречки не можат да го попречат дејствувањето на Божјата благодат!

10. Како се однесувате спрема идеите на некои интелектуални, па и црковни кругови во Македонија, дека спорот со СПЦ треба да се разреши со прифаќање на унија со Римокатоличката црква и Ватикан?

Нашите односи со Ватикан се добри. Впрочем, такви односи имаат и негуваат и други Православни Цркви. Па и Српската! Но, Македонската Православна Црква никогаш не помислила за решавање на своето автокефално достоинство со прифаќање на унија со Рим. Таквите гласини ги пласираат оние што сакаат да ја обезвреднат нашата Света Црква, припишувајќи ѝ невистини, со цел да го попречат нејзиното поскоро прифаќање во православната екумена.

На крајот, дозволете на сите православни верници во Србија и во Црна Гора, и особено на читателите на вашиот весник, молитвено да им пожелам секое добро од Господа и да им ги честитам Богојавленските празници. Бог, Кој се јави нека ги просветли нашите умови за да ја разбереме Вистината!

 

Игумен Методиј Златанов (17.01.2004)

ПРАВОСЛАВИЕТО Е ГРИЖА ЗА СЕКОЈА ЧОВЕЧКА ДУША

 

Не постои мотив којшто би ни ја оправдал омразата кон ближниот или би нθ ослободил од обврската да го љубиме нашиот брат. Што е тоа што не би можеле да го поднесеме заради Христа и Неговата, а не човечката правда? Она на што треба особено да внимаваме, во време на олку сериозни искушенија, кога се нарушува единството на Црквата и кога од сите страни се валка нејзиниот авторитет и интегритет, е грижата за секоја човечка душа. Тешко на оној кој ќе го соблазни или ќе се откаже од оној најмалиот Христов слуга, зашто тој од Христа се одрекол. Овој народ, пак, е Христов и во него е вкоренета беспрекорната девственост на богољубието, заради што тој е и секогаш ќе биде православен. Постојано се зборува за неблагочестието на клирот, скапите коли и богатите трпези, но нашето христијанство не се состои во тоа да ја чистиме раската од окото на ближниот. Ниту народот е Црква без своето свештенство и епископство, ниту клирот е Црква без народот. Тоа е примарна премиса на православната еклисиологија. Конечно, ниедна криза во Црквата не се решава со бегство и одметништво, ниту можат да ја решаваат оние коишто не ѝ припаѓаат.

 

  Соопштение (13.01.2004)


Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, следејќи ги најновите однесувања од сестринската Српска Православна Црква, со жалење констатира дека таа продолжува да биде служителка на етнофилетизмот, националшовинизмот и големосрпската идеја. Во тој дух српскиот патријарх, место следење на ангелската песна за “мир на земјата и добра волја меѓу луѓето” (Лука 2, 14), еве, и во овие Божикни празнувања продолжува да сее немир и раздор, мешајќи се во животот, устројството и јурисдикцијата на Македонската Православна Црква. Тоа неканонско и нецрковно однесување се покажува со еден духовен вандализам и бескрупулозно однесување кон верата и Црквата. Во остварувањето на своите цели не избираат средства да ползуваат неканонски и противцрковни начини, па поранешниот владика - сега Зоран Вранишковски, го назначија и го претставуваат како српски егзарх во Македонија, приклучувајќи му уште двајца епископи, кои ги поттикнуваат на злодејанија. На нивната измама и пропаганда поверуваа и двајца игумени, Давид и Максим, коишто ги заведоа своите десетина послушници, кои одметнувајќи се од Македонската Православна Црква се здружија со предавниците. Нивната постапка претставува невидено прекршување на монашкиот завет и канонскиот ред и затоа надлежните епархиски архиереи презедоа благовремени мерки за нивно разрешување од старешинствата и им забранија пристап и свештенодејство во црквите и манастирите на Македонската Православна Црква. Оваа постапка на епархиските црковни власти, Синодот ја оправдува и препорачува да се преземат итни соодветни канонски мерки против нив. Тие, водени од славољубие и гордост, а гледајќи дека Српската Православна Црква во своите злодејства кон Македонската Православна Црква лесно и брзо, дури и противканонски, дава епископство на македонски предавници и ги вклучува во нивната големосрпска пропаганда во Македонија, ете, брзаат да стигнат до епископска круна, па ја напуштија својата Црква и народ. Тие се без богословско и високо образование, ниту со некакво значајно монашко искуство.

Светиот Архерејски Синод на Македонската Православна Црква искажува благодарност за вистинското разбирање и поддршка од Владата на Република Македонија, од другите државни фактори, инсистуции и политички партии во овие моменти на туѓоцрковни посегања кон нас. Местото и значењето на Македонската Православна Црква за нашава држава и народ се со векови потврдени, па сега, бранејќи го нејзиното достоинството, авторитет и чест, се браниме и себеси како народ и како држава, со сите атрибути. Во тој дух ги разбираме и правилните оценки на меѓународните претставници и постапките на Министерството за внатрешни работи и судските органи, како и јавно искажаните осуди кон оние што го нарушуваат мирот и редот во земјава и создаваат несогласие, омраза и нетрпеливост.

Членовите на Светиот Архерејски Синод, отфрлајќи ги сите клеветнички обвиненија на отпадниците, и овојпат ја нагласуваат потребата од единство и едномислие во запазување на автокефалниот статус и името на Македонската Православна Црква, која е единствена продолжителка на Охридската архиепископија и, искажувајќи благодарност за досегашната поддршка од своите свештенослужители, монаси и верници, во Татковинава и во дијаспората, како и од сите правдољубиви и вистинољубиви луѓе, очекува и натамошна поддршка во овие времиња на искушение.

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ

 

Сooпштение (12.01.2004)


Ние, монашките братства и сестринства во манастирите на Македонската Православна Црква (МПЦ): Св. Наум Охридски, Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорѓи - во Рајчица, Св. Богородица - Матка, Св. Никола - Љубанци, Св. Гаврил Лесновски, Св. Богородица и Св. Архангел Михаил во Берово, Св. Лeонтиј во Водоча, Св. Јоаким Осоговски, Св. Богородица во Вељуса, Св. 40 маченици во Банско, Св. Марија Магдалена во Дојран, Св. Ѓорѓи во Кучково, Св. Преображение во Зрзе, Св. Архангел Михаил во Варош, Св. Атанасиј во Журче, Св. Јован во Слепче, Св. Богородица во Калиште, Сите Светии во Дебарца, Св. Богородица-Пречиста Кичевска, Св. Спас во Скопје и др. - изјавуваме дека остануваме верни на МПЦ, на Црквата во која сме крстени, духовно растени и во која сме замонашени и сме примиле свештеномонашки чинови, во која се причестуваме и на која слободно и се заветивме да ѝ служиме.

Како македонски монаси и монахињи длабоко ја чувствуваме и живееме вистината дека сме чеда на нашата древна Света Црква и дека сме плод на покајанието на македонскиот православен народ и никогаш нема да ја изневериме нашата монашка и пастирска одговорност за негово водење кон Христа Господа, останувајќи послушни на епархиските архиереи и на Светиот Архиерејски Синод на нашата МПЦ.

Христос се роди!

 

Демант (12.01.2004)


Во последниот број на весникот ДНЕВНИК (Понеделник, 12 јануари 2004, година VIII, број 2350), во контекст на вознемирувачките настани поврзани со решението на одреден број монаси и монахињи да се одметнат од Македонската Православна Црква, авторите Б.Ѓ. и М.П. го завршуваат својот текст Триесет монаси отидоа во СПЦ со следниве зборови: “се навестува дека ним ќе им се придружи и отецот Методиј Златанов, старешина на црквата Свети Спас и професор во средното Богословско училиште”. Ваквата малициозна и крајно непромислена спекулација не можам да ја премолчам или игнорирам. Премногу е смело и бесчувствително некој да се нарече потенцијален предавник на својата Црква и на својот народ. Тоа ме навредува како верен член и свештеномонах на МПЦ. Тоа исто така е навреда за образовната институција, Македонската Православна Богословија, во која работам. Конечно, тоа е навреда и за моите парохијани и духовни чеда со кои не го одобруваме ниту оправдуваме разбивањето на светото единство на нашата Црква. Заради тоа, и заради достоинството на монаштвото и свештенството на МПЦ, инсистирам гореспоменатите автори, јавно, на страниците на матичниот весник, најучтиво да се извинат. Јас го молам Бога да им прости и да ги научи, со нивниот ангажман како новинари и граѓани, да го чуваат достоинството и интегритетот на нашата Црква.

Македонската Православна Црква преживеала и многу пострашни историски бранувања и агонии од овие, и како резултат секогаш ја сочувала чистотата на верата и единството. Верувам дека тоа ќе се случи и сега.

Игумен Методиј Златанов

 

Г.Г. Стефан: „МПЦ заслужува да биде во заедница со другите православни цркви“
07.01.2004

„Економската криза е повеќе од очигледна, неа сите ја чуствуваме затоа што црквата не е издвоена од проблемите на својот на народ. Но сме имале и потешки времиња и овој народ издржал, верувам дека економските проблеми ќе се надминат, важно е да го зачуваме мирот другото сето ќе ни се придодаде“, рече во интервјуто за А1 Г.Г. Стефан Архиепископ на МПЦ.

2003 беше тешка година за МПЦ поради притисоците на СПЦ, како во 2004 МПЦ ќе се одбрани од овие притисоци и што ќе им порачате на верниците како тие да се одбранат од овие притисоци?

За МПЦ не била тешка само 2003 туку и ред години наназад. Всушност од 1767 година нема лесна година за МПЦ-за Охридската архиепископија, зашто со неканонското укинување на Охридската архиепископија на овој простор, она што се случуваше минатата година се случувало минативе некаде 250 години.

Веројатно притисоците и заканите нема да не одминат ни оваа година и единствен излез од сето ова е канонското решавање на проблемот. Нема пишано правило како да постапуваат верниците туку да продолжат како и овие 250 години, како и во овие 40 години возобновена МПЦ, да продолжат со својата црква затоа што ова време не е потешко отколку времињата пред 1941 год. сите тие години и времиња не ни биле лесни и нема да продолжат да бидат полесни.

За МПЦ ова е едно време на искушение, но јас верувам дека ќе се одбраниме од сите притисоци. Затоа што браќата Срби го возбновуваат тоа што некогаш го правеле но, ние како црква имаме искуство во пребродувањето на тешкотиите. И силно верувам дека ќе ги пребродиме и овие најнови искушенија.

Има ли единство во синодот по ова прашање, со оглед на тоа дека се појавија мислења дека и другите цркви не треба да се нарекуваат со нивните национални имиња, дали да се влезе во сојуз со други сестрински цркви за да се преброди тешкотијата побрзо, дали да се интензивираат преговорите со СПЦ или не, дали има единство по овие прашања кај сите владици?

Најкратката дефиниција за црквата е единството. Во која смисла единство? Во она што во последно време многу го повторуваме потребното единство. И единството на Синодот е на она потребно ниво, затоа што сите одлуки, соопштенија се она што се случуваше по нишката средба на највисоко црковно ниво се донесуваше со единство.

Во меѓувреме некои од Архиереите давале една или друга изјава но, сето тоа беше во прилог на тоа единство. Беше речено дека треба да го бараме единството со другите непризнати цркви. Всушност некои од соседните цркви го форсираат нашето место да биде таму, макар што прашањето на непризнатите цркви е прашање пред севкупната православна црква. Потребата од православните народи да имаат своја црква не може да биде бескрајно. Тоа е едно од главните прашања што идниот вселенски собор треба да го разреши.

И принципот кој кого и за што треба да признае е веројатно и прашање кое го доведува статусот на МПЦ со останатите цркви. Нашето место е со останатите признати православни цркви. Ова е црква која трае со векови, имаме своја историја, свое минато, своја сегашност и црква која има своја иднина.

Во овие неколку децении возобновен живот МПЦ го возобнови животот на православните верници како дома така и надвор. МПЦ со својата дејност што ја покажува заслужува да биде во заедница со другите помесни православни цркви и само таму е нашата иднина.

Колку сте добри дипломати во Синодот, прашањето е како сега ќе се разговара со Руската православна црква за која се има впечаток дека не врши некој силен притисок за да се заштити МПЦ, ќе има ли во 2004 нешто повеќе за да не и стои на СПЦ она заштитништво што го добива од РПЦ и ГПЦ?

Дипломатијата прашање е дали треба да ја има во црквата. Но во ова време во кое живееме по се изгледа дека МПЦ треба да има почести контакти со другите православни цркви за да одблиску ја запознаат нашата вистина.

Од оние цркви кои имале можност да ја посетат нашата црква, Романската, Бугарската, Албанската ќе ја спомнам и Руската, рекоа дека среќаваат црква и земја која е поинаку претставена од нашите соседи.

МПЦ треба да продолжи со својата црковна дипломатија и еден од излезите за да го најдеме своето место во сеправославната заедница е почестото претставување пред другите цркви. Зашто можеме да слушниме деновиве дека ова било творба на комунизмот дека Господ одамна заминал. Тоа не е така и тоа го потврдија сите кои имаа можност тоа да го видат.

Некогаш кога политиката не била успешна црквата била таа која го водела народот. Има ли сега црквата сила да го стори тоа во едни вакви времиња?

Црквата е половина од едно цело во една држава и го дели сето што се случува со својот народ, и сметам дека црквата во едни вакви времиња треба да го направи тоа што треба за себе да го направи.

Црквата е разделена од државата и секое пречекорување на тој однос би било мешање на надлежностите едни со други. Некогаш црквата превземала улога и на она што е надвор од нејзината рамка, но тоа било во вонредни настани.

Сметам дека ние имаме добри политичари кои треба да си ја извршуваат работата поради која и се избрани. Црквата треба да се грижи за својата црковна политика.

Меѓутоа тие добри политичари не го решија проблемот со АСНОМ. 2003 не можеше да се положи цвеќе во Прохор Пчински. Каде оваа година ќе прославиме АСНОМ зашто и од црквата имаше идеи за промена на местото?

Манастирот СВ. Прохор Пчински не би го гледал само од последните однесувања на СПЦ, тука не би ја исклучил ни српската држава затоа што таков инцидент сигурно не поминал без знаење на едни од други.

Проблемот со СВ. Прохор Пчински е многу поголем отколку полагањето на венци во чест на Илинден, сметам дека сите во оваа Македонска држава и црква треба многу посериозно да му пријдат на проблемот затоа што недозволувањето на македонската делегација да положи цвеќе за еден настан кој е од суштинско значење од поновата историја на Македонија, би рекол дека е отфрлање на она што се случило таму.

Она што ни се случи таму е поврзано со се она што преку цела година се случуваше на релација МПЦ-СПЦ.

Оваа година е јубилеј на 60 години од АСНОМ и треба прославата да ја почуствуваме сите како граѓани на Македонија, а местото каде ќе се одбележи настанот за мене е помалку важен отколку да се отиде со едно понижувачко положување на цвеќе во самиот манастир, доколку соседите не ја отворат само манастирската порта туку и својата душа.

Таму пред неколку години физички беа нападнати граѓани на Македонија кои отидоа таму да го чествуваат празникот. Сметам дека не ни се потребни такви шамари и нашиот АСНОМ и Илинден заслужуваат вистинско чествување кое не мора да биде на самото место.

2003 беше година која во која имаше многу економски проблеми, барем тоа го потврдуваат граѓаните, како граѓаните да издржат со едни вакви проблеми?

Економската криза е повеќе од очигледна, неа сите ја чуствуваме затоа што црквата не е издвоена од проблемите на својот на народ. Но сме имале и потешки времиња и овој народ издржал верувам дека економските проблеми ќе се надминат, важно е да го зачуваме мирот другото сето ќе ни се придодаде.

Треба да се изгради мирот затоа што како да не се залечени раните од судирите во 2001 год. Зацврстувањето на мирот ќе донесе и економска помош од оние кои можат да помогнат.

Нека се честити празниците и нека Господ ни дарува мир на секој од нас за да ги совладаме и останатите проблеми.

 

Македонската православна црква расчисти со расколникот

Црковниот суд на МПЦ го расчини владиката Јован

 

 

 

 

 

Црковниот суд на МПЦ вчера го расчини доскорешниот владика Јован, инаку поранешен митрополит на Велешко-повардарската епархија и на Брегалничката епархија. Од денеска Јован, не само за МПЦ туку и за верниците е цивилно лице, Зоран Вранишковски. За време на заседавањето на Црковниот суд, биле присутни сите владици, освен владиката Петар кој е во Австралија, но тој претходно пред да замине оставил писмен документ со кој се согласува Јован да биде расчинет. Црковниот суд за прв пат во историјата на Македонската православна црква заседава и донесува одлука со која член на Синодот, односно владика, се расчинува.

Како причини кои се наведуваат за расчинување на Вранишковски се неговата одлука самоволно да ги напушти редовите на МПЦ и се приклучи кон Српската православна црква. Што значи дека тој ја прекршил заклетвата дадена за време на неговото хиротонисување дека ќе и служи на МПЦ. Во неговото дебело досие влегуваат и сите финансиски малверзации кои ги направил додека бил на чело на Брегалничката и на Велешко-повардарската епархија. Според првични процени, тој злоупотребил околу 500.000 евра.
(В.Г.)

Visokiot klir na
Srpskata Pravoslavna Crkva
bi bilo podobro da si ja re{ava
sostojbata vo koja se nao|a denes

Ultimatumot na SPC prema Makedonskata Pravoslavna Crkva, ne e ni{to iznenadlivo, so takvi nacionalno-{ovinisti~ki i agresivni odnosi tie bile od sekoga{. Ke be{e ne svatlivo vo kolku taa SPC se odnesuva{e kon svojata sopravoslavna Majka, MPC - dostoinstveno, sestrinski, hristijanski, kako {to i od nas hristijanite bara i samiot Gospod Isus Hristos.

Zo{to mora i ponataka, kako i nekoga{,  da sluguva na ne~esnata politika (na Gr~kata Pravoslavna Crkva i dnevnata), so koja saka da go obezli~i makedonskiot narod, Makedonskata Dr`ava i Makedonskata Pravoslavna Crkva.

Na SPC i na srpskiot {ovinizam sovr{eno mu e jasno deka se obra}a kon drug narod, kon druga nacija  i na Crkva koja ja o`ivotvori. Se obra}a kon teritorija i narod, koj be{e dolgo vreme od nejze okupirana. 

Podobro bi bilo visokiot klir na SPC da se snao|a i da si ja re{ava svojata sostojba vo koja denes se nao|a, koga ve}e go izgubi vlijanieto vrz teritoriite na nekoga{nata svoja JU teritorija, dali i ponataka bi trebalo da ostane i da se imenuva so Patrijar{ija ???!!! Ja osporuva Avtokefalnosta na svojata Majka na Makedonskata Pravoslavna Crkva, suspendira arhiereii ( koi nemat ni{to zaedni~ko so nejze ), bara da odzeme episkopski ~inovi na onie na koi ne im gi dala, duhovno go voznemiruva narod i dr`ava so kogo nema ni{to zaedni~ko, zar seto toa nee delo na sotonata, delo na omrazata, delo na neprijatelstvoto.

Potrebno li e i ponataka MPC da  kontaktira so SPC ??!! Nema potreba da koleni~i Makedonskata Pravoslavna Crkva, pred onie koi sakat da ni ja skinat glavata.

Gi povikuvame site makedonci i prijateli na makedonskiot narod, da ja osudat ova demonska "odluka" na SPC, a voedno ovoj neprijatelski ~in da poslu`i za u{te edno na{e crkovno i nacionalno obedinuvawe so secela oddanost kon svetata ni Majka - Makedonska Pravoslavna Crkva, davaj}i cvrsta podr{ka na Svetiot Sinod na MPC.

Glaven i odgovoren Urednik
Prota Mitko Poposki

 

    

Информативна служба
Српске Православне Цркве
24. мај 2003. године

СВЕТИ АРХИЈЕРЕЈСКИ САБОР СРПСКЕ ПРАВОСЛАВНЕ ЦРКВЕ

САОПШТЕЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

СА РЕДОВНОГ ЗАСЕДАЊА
СВЕТОГ АРХИЈЕРЕЈСКОГ САБОРА СРПСКЕ ПРАВОСЛАВНЕ ЦРКВЕ
ОДРЖАНОГ У БЕОГРАДУ, ОД 13. ДО 24. МАЈА 2003. ГОДИНЕ

 

Руковођен искључиво бригом за јединство Цркве, Сабор је још једном позвао у евхаристијско заједништво са васељенском Православном Црквом, преко својих изасланика, јерархију Македонске Православне Цркве која истрајава у расколу, но пошто је она то по ко зна који пут одбила, Сабор је са дубоким жаљењем предузео канонске мере и донео одговарајуће одлуке о конституисању Светог Синода аутономне Охридске Архиепископије. При томе је сагласно својим одлукама из 1967. године, у складу са Нишким договором (2002.) и сагласно решењу Светог синода Македонске Православне Цркве, бр. 125 од 7. августа 1990. године Митрополита полошко-кумановског Кирила ставио под забрану свештенодејства, суспендујући га од управљања Епархијом и покрећући против њега црквено-судски поступак. Истовремено је изабрао за Епископа величког, викара Његовог Високопреосвештенства Митрополита велеско-повардарског Јована, патријарашког егзарха Охридске Архиепископије, и за администратора Епархије полошко-кумановске, игумана Јоакима (Јовческог), а за викарног Епископа дремвицког јерођакона Марка (Кимева). Архијерејски Сабор је братољубиво оставио могућност осталим епископима Цркве у Македонији, који пребивају у расколу, да најдаље до 1. септембра 2003. године ступе у евхаристијско и канонско јединство са Пећком Патријаршијом, а тиме и са свим Православним Црквама у свету. Уколико то не учине, и против њих ће бити покренут црквено-судски поступак. Све одлуке које се односе на аутономну Охридску Архиепископију донете су у духу православне еклисиологије, вековног канонског поретка Цркве и братске љубави, са великим поштовањем према националним осећањима македонског народа и према држави Македонији, чију посебност и суверенитет овај Сабор поштује

 

 

Српската Crkva со ултиматум до Македонската црква  
A1.

24. Maj 2003

  Српската православна црква и постави ултиматум на Македонскат православна црква, да се согласи на канонско единство до 1-ви септември оваа година, со тоа што ќе ја признае за надредена Српската црква, а во спротивно, сите владици на МПЦ ќе бидат расчинети.

Српската црква, во соопштението издадено вечерва во Белград, наведува дека нејзинот архиерејски Сабор донел одлука „за конституирање Свет Синод на автономна Охридска Архиепископија“ и таа задача му ја доверила на „митрополитот Јован, епископ велешко - повардарски“.

Во истовреме, СПЦ „го суспендира владиката (на МПЦ) Кирил“ и покренала постапка против него пред црковно - народниот суд на Српската црква.

„Раководен исклучиво од грижата за единство на Црквата, Саборот, преку пратеници, ја повика ерархијата на Македонската православна црква која истрајува во расколот, на евхаристичко заедништво со Вселенската православна црква, но откако таа по којзнае кој пат тоа го одби, Саборот, со длабоко жалење презеде канонски мерки и донесе соодветни одлуки за конституирање на Свет синод на автономна Охридска Архиепископија“, се наведува во соопштението од редовното заседание на Архиерејскиот сабор на СПЦ, кој се одржа во Белград од 13, до 24, мај годинава.

„Саборот го стави под забрана за свештенодејство Митрополитот полошко -кумановски Кирил, суспендирајќи го од управување на Епархијата и покренувајќи против него црковно - судска постапка. Саборот го избра за Епископ велички, викарот на Неговото преосвештенство, Митрополитот велешко - повардарски Јован, патријаршиски егзарх на Охридската архиепископија“, стои во соопштението.

На местото управник на полошко - кумановската епархија, Саборот го именувал „игуменот Јоаким (Јовчевски), а за викарен Епископ, дремвичкиот јероѓакон Марко (Кимев)“.

„Архиерејскиот Сабор, братољубиво, им остава можност на останатите епископи на Црквата во Македонија, кои живеат во раскол, најдоцна до 1-ви септември 2003 година да стапат во евхаристичко и канонско единство со Пеќката патријаршија, а со тоа и со сите Православни цркви во светот.

Доколку тоа не го сторат, против нив исто така ќе биде покрената црковно - судска постапка“, се вели во соопштението на СПЦ, во кое се нагласува дека српската црква ги почитувала посебноста на македонскиот народ и сувереноста на неговат држава.

Одлуката на српската црква доаѓа не цел месец по последната посета на висока македонска црковна делегација на Белград, за време на која на Србите им беше презентиран документ со финансиските злоупотреби на расколничкиот владика на МПЦ, Јован.

Владиците Тимотеј и Петар изразија надеж дека СПЦ ќе имала разбирање за аргументите на МПЦ.

Дијалогот за решавање на деценискиот спор на двете цркви падна во ќор-сокак минатата година, кога под силен притисок на јавноста во Македонија, МПЦ одби да го прифати т.н. Нишки документ, со кој МПЦ требаше, де факто, да прифати уназадување на рангот на црквата од афтокефална во автономна.

Во тогашната преговарачка делегација што го прифати Нишкиот документ беа владиците Тимотеј, Петар и Наум .

МПЦ со легална одлука на Црковно народен сабор донесе одлука да биде афтокефална црква во 1967 година.

 

Ултиматумот на СПЦ најмалку христијански
A1.
25.
Maj 2003

Tоа што го прави Српската православна црква ниту е канонски, ниту братски, а најмалку христијански, е едно од размислувањата во Синодот на МПЦ по вчерашното соопштение на Светиот собор на СПЦ, во кое се повикуваат македонските архиереи до 1. септември да го прифатат Нишкиот договор од мај 2002 година и да стапат во литургиско и канонско единство со Пеќката патријаршија, а доколку тоа не го сторат, против нив ќе биле преземени сите канонски мерки.

Не доаѓа во предвид прифаќање на ултиматумот, гласи се уште неофицијалниот, но цврст став на МПЦ.

За ваквата одлука на Српскиот собор, МПЦ била известена претходно, дознава А1.

Пред извесен период во Скопје допатувале двајца српски владици, еден од нив бил Иринеј, кој го пренел ставот на СПЦ дека македонската црква мора да го прифати Нишкиот договор, со кој македонската црква од автокефална станува автономна, што е уназадување, и дека на владиката полошко - кумановски, господин Кирил ќе му забранат да богослужи.

Веднаш по средбата, Синодот на МПЦ одржал седница на која сите владици биле единствени во неприфаќањето на српските црковни ставови, сметајќи ги како неканонски.

Делегација на МПЦ имала средба и со Владата на Македонија, од каде Синодот добил нагласена поддршка да истрае во своите ставови за опстојување на афтокефалноста.

Самоволието на Српскиот сабор оди до таму што на последната своја седница на предлог на расчинетиот владика Јован, сега егзарх на Пеќката патријаршија, а со цел, како што пишува во соопштението, конституирање на „Свет синод на Автономната Охридска Архиепископија“, избрал два викарни епископи - Јоаким Јовчевски, кој бил избран за администратор на полошко - кумановската епархија на местото од суспендираниот господин Кирил, и бил избран извесен јероѓакон Марко Кимев со титула Дремвицки.

За Кимев, извори на А1 тврдат дека тој бил пејач во црковниот хор во штипската црква „Свети Никола“, а потоа портир и телефонист во велешката црква во времето кога со неа раководеше сега српскиот егзарх Зоран Вранишковски.

Пред неполн месец владиците Петар и Тимотеј беа во Белград, за да им ги презентираат на српските владици доказите за криминалите на нивниот пулен Јован.

Наместо оградување, СПЦ остана на сценариото диктирано од Грчката православна црква, преку Јован да се обидат да и` го сменат името на нашата црква од Македонска православна во Охридска архиепископија под српска јуридсикција.

Ваквата одлука на српските владици значи исто како некој да ви објавува војна, коментираат во Синодот на МПЦ.

Според нив, одлуките на Српскиот сабор се ништовни, бидејќи зад македонската црква стои народот, во кого се сигурни дека најпрвин од него ќе стигне судот против расколниците.

Реагираа и Tетовско и Гостиварското архиерејско намесништво на МПЦ. И за нив одлуката на СПЦ е скандалозна, неканонска, срамна.

„Оваа одлука за нас претставува духовен тероризам. Ги прашуваме браќата архиереи од српската црква дали на ваков начин се гради единство во православната екумена“, реагираат од двете намесништва.

Тетовски свештеници соопштуваат дека за нив почитуван епархиски архиереј бил и ќе остане митрополитот Кирил, а матична црква - МПЦ со нејзиниот Синод.

„Одлуката на СПЦ е антимакедонска, шовинистичка и ќе води кон нарушување на македонско - српските добрососедски односи“, реагира Светскиот македонски конгрес и бара МПЦ да ја прогласи оваа одлука за ништовна, а македонското МНР веднаш да упати остар протест до Министерството за надворешни на Србија и Црна Гора.

 

МПЦ ги отфрла сите донесени одлуки на СПЦ  
A1.
26.
Maj 2003.

Српската православна црква уште еднаш покажа дека е слугинка на политиката и грубо и алчно ги пројавува своите апетити за присвојување на Македонската Православна Црква. Ова е став на синодот на МПЦ со кој јасно се отфрлаат сите донесени одлуки на Српската црква, а се однесуваат на македонската.

СПЦ се ставила во служба не само на ереста на етнофилетизмот туку и повеќе од тоа на национал шовинизмот, нагласуваат македонските архиереи.

„Целта е да биде ставена СПЦ во дневна политика на наши „пријатели“ соседи и сака црквата да се употреби за обезличување на македонскиот народ и држава“ изјави г.г Тимотеј.

Она што СПЦ го најавува за жал е во духот на великоспрпството и е во улога на световната валкана политика со поставени освојувачки цели.

Формирањето на паралелен Синод не е ништо освен фикција, нагласуваат македонските архереи и ниту еден од нив нема да премине на спротивната страна.

За сега МПЦ ќе ги прекине понатамшните преговори со српската црква, а прашањето дали тие ќе продолжат зависи од српската страна вели владиката Тимотеј.

„Кога ќе си ги одмерат своите одлуки и ќе ги отфрлат крадците кои ги поставуваат за егзарси“, додаде Тимотеј.

Многу децидни во своите ставови, архиереите нагласуваат дека за МПЦ е неприфатлив автономен статус и затоа предлагаат прифаќање на афтокефалноста. СПЦ со одлуката од 1959-та година веќе го прифатила терминот самостојност и името Македонска Православна Црква.

 

Осуда на одлуката на СПЦ и од државниот врв  
A1
26.
Maj.2003

 

Владата ќе го чека ставот на синодот на МПЦ пред да изгради конечна позиција за последната провокација од Белград. Најповиканиот владин функционер за ова прашање, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Цане Мојаноски, смета дека станува збор за флагрантен пример на мешање во автокефалноста на МПЦ.

„Како извршна власт, ќе ги употребиме сите механизми кои ги има државата за заштита на сопствените интереси и на правата на македонските граѓани слободно да ја исповедаат верата, а не според потребата на некои центри“, вели Мојаноски.

Социјалдемократот Тито Петковски оценува дека е во прашање српска големодржавна политика.

„Дали СПЦ е подложна под влијание на Грција за мене нема многу дилеми. Јас во една колумна напишав дека се прави се за да се обезличи македонскиот ентитет“ изјави Петковски.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ќе ги поддржат сите одлуки на синодот на МПЦ, затоа што се уверени дека архиереите го знаат вистинското решение за овој проблем.

„МПЦ од секогаш знаела како да реагира во поглед на духовните вредности и самобитноста на македонскиот народ“, рече Ѓорѓи Трендафилов.

Осуда на, како што пишува во соопштенијата, ова негирање на македонскиот народ и на македонската држава, на оваа реинкарнација на поразените идеи за голема Србија и поддршка на синодот на МПЦ да истрае изразија и Либералнодемократската партија, Демократскиот сојуз и Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија.

 

 

Официјален Белград не реагираше по повод одлуката на СПЦ
A1
26.
Maj.2003

Одлуката на СПЦ да се формира Синод на Охридската Архепископија ја објавија сите белградски медиуми заедно со осудата на неименуваното лице од МПЦ кој овој потег го окарактеризира како објава на војна. Белградските власти се уште не се огласиле по повод скандалозната одлука на СПЦ.

Да потсетиме дека официјален Белград не реагираше ни пред неколку месеци, кога Синодот на СПЦ ја навести одлуката која беше донесена минатата сабота.

Официјален Белград не се огласи по повод прогласувањто на Николај Велимировиќ за светител, иако важи за свештеник со фашистички убедувања и го споредувал Хитлер со српскиот просветител св. Сава, за ова не се огласија ни српските медиуми.

Единствено радиото Б92 цитирајќи ги фашистичките идеи на Велимировиќ ги потсети граѓаните на Србија за неговото дело и лик.

 

Reagirawe na Makedoncite od Avstralija po povod       formiraweto na paralelen sinod na SPC

  Vesta za formiraweto na Sinod na avtonomnata Ohridska arhiepiskopija odnosno paralelna crkva na Makedonskata  od strana na Srpskata pravoslavna crkva so golema gor~ina e primena od Makedonskata zaednica vo Avstralija i po{iroko.  

Makedoncite vo Avstralija o{tro reagiraa u{te vo vremeto na potpi{uvaweto na takanare~eniot Ni{ki dogovor na ~ie ~elo be{e Mitropolitot Petar koj go smetaa za velepredavstvo na MPC i makedonskiot narod.

  Sega se potvrdi deka formiraweto na paralelen sinod na SPC e proizvod na Ni{kiot dogovor, so koj se bara bri{ewe na imeto Makedonska, a so toa se posegniva i po nacionalniot i dr`avotvoren identitet na makedonskiot narod.

  Fanati~noto negirawe na MPC od strana na SPC nee samo crkovno pra{awe tuku i nacionalno i dr`avno, zatoa apelirame do SAS na MPC, posebno do Arhiepiskopot GG Stefan kako i pretsedatelot na Crkovno narodniot sobor da svikaat vo najkratok mo`en rok Crkovno naroden sobir i  da se donesat odluki za za{tita na MPC od site onie koi posegnuvaat po samostojnosta na na{ata Sveti Klimentova crkva i dr`avnosta na Republika Makedonija.

  Srpskata pravoslavna crkva nemo`e da suspendira nitu eden Mitropolit od redovite na MPC, a pogotovo Mitropolitot G. Kiril koj e eden `iv potpisnik na dokumentot za osamostojuvaweto na MPC odnosno avtokefalnosta na MPC.

  Ru{eweto na temelite na crkvata e potkopuvawe na temelite na dr`avata zatoa barame od organite na vlasta da povedat pove}e smetka  kon bezbednosnata sostojba i da se otkrijat site onie koi rabotaat vo interes na neprijatelot, a se krijat vo crnite mantii ili  pod svetite mitri.

  Nema da dozvolime nikoj da ni go menuva imeto na na{ata patevoditelka MPC i  na Republika Makedonija zatoa {to CRKVA –  DR@AVA  toa e makedonskiot narod.

 

Kire Cirevski

Sidnej, Avstralija

 

 

Do Svetiot Arhierejski Sinod na  
Makedonskata Pravoslavna Crkva  
Skopje

Va{e Bla`enstvo  
Va{i Visokipreosve{tenstva,

Najnoviot ultimatum na SPC kon Makedonskata Pravoslavna Crkva e u{te eden od “biserite” vo sinxirot  na site nejzini gluposti iska`ani vo izminatiot 45-godi{en period. So toa SPC i ovoj pat go potvrdi svojot nehristijanski, neprijatelski i agresiven odnos kon MPC i makedonskiot pravoslaven narod. I ovoj pat taa poka`a deka e sluginka i vazal na dnevnata politika i na Gr~kata Pravoslavna Crkva, a ne sledbenik na Hristovoto Evangelie i hristijanskata qubov. So “Odlukata” za prisilno vra}awe na  MPC pod nejzino krilo u duhovno rakovodstvo taa, vsu{nost, & objavi vojna na MPC. Toa e odluka donesena po tu| recept za celosno obezli~uvawe na makedonskiot narod, Makedonskata Pravoslavna Crkva i na{ata dr`ava.  S# drugo objaveno e notorna laga i nevidena farsa. Ete i ovoj pat  SPC go potvrdi svojot {ovinizam i politika na nasilno prisvojuvawe koe nema ni{to zaedni~ko so Hristovata evangelska misija na zemjata.

Komu mu slu`i seto ova? Dali e toa patot na vistinskoto hristijanstvo i bratoqubie? Toa li e patot na Hristovoto milosrdie? Ne, toa e patot na sotonata,  na omrazata,  neprijatelstvoto i ne~ove~nosta. Patot na nacionalnata zaslepenost i podani{tvo.

Eparhiskiot Upraven Odbor na Amerikansko-kanadskata Makedonska Pravosalavna Eparhija najostro go osuduva ovoj gest na licemerie na SPC  i izrazuva cvrsta podr{ka na Svetiot Arhierejski Sinod na Makedonskata Pravoslavna Crkva. Voedno gi povikuvame site makedonci i prijateli na makedonskiot narod da ja osudat ovaa necrkovna postapka na SPC. A za nas toa da bide u{tee den povod za  na{e crkovno i nacionalno obedinuvawe i zaedni{tvo i  na{a oddanost kon na{ata sveta  Makedonska Pravoslavna Crkva.

 

Arhierejski zamenik  
protastavrofor  
Ilija Donev

 

Владата и МПЦ со единствен став за провокацијата на СПЦ
A1.
27.Maj 2003

Владата и архиереите на Македонската православна црква се со заеднички став дека по последните испади и самоволија на српската црква потребно е да се одбрани интегритетот и идентитетот на македонскиот православен народ, на македонската држава и името на МПЦ.

Ова го изјави митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, по денешната средба со премиерот Бранко Црвенковски и министерот за внатрешни работи Хари Костов, на која присуствуваа и архиепископот г.г. Стефан и митрополитите г. Петар и г. Кирил во врска со последната провокација од Српската православна црква.

Владиците побарале од Владата да испрати протесна нота до Владата на Србија и Црна Гора, бидејќи, според нив, со оваа постапка на СПЦ се нарушуваат добрите релации меѓу македонскиот и српскиот народ.

На средбата било разговарано и за однесувањето на разрешениот владика Јован, кого СПЦ го прогласи за егзарх во Македонија. Владиката Тимотеј со став дека доколку се докажат сите негови недела, тој ќе биде расчинет.

„Црквата ќе преземе каноски норми против арамилукот на митрополитот Јован. Постои уставна норма за спречување за дејствување на Јован како егзарх српски, но тоа е работа на државата. Црквата нема такви институции да дејствува. Доколку државата стои на зборот, како што се декларира, треба да преземе мерки“, рече Томитеј.

Дознаваме дека против Зоран Вранишковски веќе има поднесено 2 кривични пријави за финансиски проневери што тој ги правел преку неговите фирми. Но, за него се уште не е досието докомплетирано.

Владиката Тимотеј денеска ги нарече лудорија изјавите на Зоран Вранишковски дека во Охрид наскоро ќе пристигне српскиот патријарх Павле за да го хиротониса него во архиепископ на Автономната Охридска Архиепископија.

„Тоа е лудорија на Јован. Верувам дека патријархот Павле има поголема раборитост и умност и нема да прифати такви лудории на Јован“, истакна Тимотеј.

Дознаваме дека македонската Влада ќе реагира до српската да влијае и да го амортизира проблемот настанат меѓу МПЦ и СПЦ, но и ќе побара српската влада да го спречи доаѓањето на патријархот Павле во Македонија

 

Груевски: „Атак на СПЦ врз македонската државност“
A1
27.
Maj 2003

„Последните напади од Српската кон Македонската православна црква се еден непријатен акт, а целиот македонски народ ова го чувствува делумно и како атак врз македонската државност“, изјави попладнево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата со поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан.

На средбата раководството на партијата изразило поддршка кон МПЦ, „испраќајќи најдиректен сигнал дека Синодот на МПЦ во оваа ситуација не е сам и оти зад него стои ВМРО-ДПМНЕ со целото свое членство и симпатизери“.

„На најдиректен начин укажавме дека стоиме зад нив, дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе остане со Црквата, а особено и заради тоа што во Сатутот на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека доколку некогаш под какви било околности партијата престане да постои целокупниот имот се преселува и се дава во сопственост на МПЦ“, изјави Груевски.

Првиот човек на Комисијата за односи со верските заедници Ѓорѓи Наумов вели дека законот е дециден и дека нема услови за било какво инсталирање на паралелна црква.

„Согласно Уставот и законот, слободата на вероисповед може да се оствари само преку заедница која преку закон се вклучила во политичкиот систем. За паралелна црква нема законско решение, бидејќи за една вероисповед постои една верска заедница“, објаснува Наумов. 

Управниот одбор на Македонската православна епархија за Европа денеска ја оцени како скандалозна веста дека Српската црква прави нов синод во Македонија со свои владици.

„Тоа е нечесно, небратски и нехристијански, па слободно може да се рече дека е и скандалозно“, нагласуваат во Епархијата, потсетувајќи дека Охридската архиепископија е постара за цели 200 години од српската црква.

 

Нишкиот владика Иринеј очекувал бурни реакции
A1
27.
Maj.2003

Членот на Синодот на Српската православна црква и епископ нишки Иринеј очекувал бурни реакции и осуди од „канонски непризната Македонска православна црква“ на одлуката на СПЦ да формира синод на „Автономната Охридска архиепископија“.

„Ги немам видено реакциите од Скопје, но тие се очекувани бидејќи во прашање е нивната кожа“, рече денеска Иринеј за белградската агенција „Бета“.

„Еден митрополит на МПЦ веќе е суспендиран од вршење свештена дејност, а тоа ги очекува и останатите, ако до септември не стапат во канонско единство со Пеќката патријаршија. Токму затоа тие остро реагираат и сигурно ќе ја ангажираат и државата. Ние им понудивме да се вратат на состојбата од 1959 година, но тие со пуч прогласија своја афтокефалност“, истакна Иринеј.

Официјален Белград се уште молчи по одлуката на СПЦ.

Во неделникот „Економист магазин“ се појави критички текст на однесувањето на Српската црква од појавувањето на Слободан Милошевиќ до денес.

Публицистот Мирко Ѓорѓевиќ во интервјуто за неделникот ја обвинува СПЦ дека се уште не е подготвена да се соочи со сопствениот национализам и дека самата учествувала во војните на територијата на поранешна Југославија, ако не физички, како духовна логистика.

 

Според Ѓорѓевиќ, Српската црква својата неподготвеност да се промени ја покажува во случајот на МПЦ.

Тој, зборувајќи за велигденската порака на СПЦ, вели: „Потпис на велигденската порака ставил и извесен владика Јован, кој е отфрлен од македонската црква, што сигурно ги оптоварува не само односите меѓу двете цркви, туку и помеѓу двете држави, бидејќи во пораката еден странски државјанин се појавува како владика“.

„Со други зборови, на тој начин не се признава ниту македонската држава, ниту нацијата“, критички заклучува публицистот Мирко Ѓорѓевиќ за неделникот „Економист магазин“.

 

Побарано расколникот Јован да се осуди и расчини
A1
27.
Maj 2003

Последниот обид канонски да ја превземе МПЦ на расколникот Јован треба да се осуди, а казната која мора да ја изрече Светиот архиерејски синод е неговото расчинување, побара на денешниот протест Одборот за спас на Македонија, со седиште во Велес.

Одборот со писмо му се обраќа и на Основниот суд со барање да ги утврди материјалните злоупотреби на Зоран Вранишковски додека бил митрополит во Повардарската, Брегалничката и Дебарско-кичевската епархија.

Вранишковски, против кого велешкото Јавно обвинителство покрена обвинение за посвојување 57.000 евра средства за реновирање на црквата „Свети Пантелејмон“, не е достапен за судските лица.

Тој не ги прима поканите за судските рочишта закажани по истрагата за можните злоупотреби во трите епархии на МПЦ, каде престојуваше и работеше се до чинот на неговото расчинување.

Вранишковски треба да одговори како биле подигнати од штедна книшка од „Стопанска банка“ 57.000 евра, со назнака „строго наменски“, односно каде завршиле 14 милиони денари и над 200.000 евра, за кои постои основано сомнение дека незаконски ги присвоил и потрошил

 

Svetiot Sinod  na MPC ne go usvoi skandalozniot dokument od Ni{

[28.05.2002] На преговорите меѓу Македонската и Српската православна црква за воспоставување духовно единство меѓу двете цркви потписниците на документот од Ниш, владиците Петар, Тимотеј и Наум, се сложија на широка автономија наместо автокефалност на МПЦ.
 
Во документот никаде не се споменува името Македонска православна црква, туку се користи називот Охридска Архиепископија, а во титулата на поглаварот се брише придавката македонски, па тој би бил Архиепископ охридски и митрополит скопски.
 
Покрај тоа, МПЦ се третира како епархија на православната црква во Република Македонија и како една од архиепископиите во рамките на СПЦ.
 
Синодот на Македонската православна црква, по јавниот притисок, го одби скандалозниот договор од Ниш и констатираше дека не е потпишан и донесен конечен документ со кој се воспоставува црковно единство меѓу МПЦ и другите помесни православни цркви.

Дали се премина црвената линија што значи достоинство на македонската црква

 

Aвтокефалност не доаѓа предвид и со тоа конечно се помиривме, 
 
 

Владика Иринеј: Искрено да ви кажам, јас сум малку изненаден бидејќи тоа не е прв наш договор. Тоа е веќе втор или трет речиси ист договор кој се провлекува. Сметавме дека ова е конечно и дефинитивно, дека таа агонија еднаш ќе заврши на еден канонски, црковен и општо прифатен начин во целиот православен свет.

Дали тоа се разбира или не се разбира и дали тоа се сака или не се сака, не знам. Но, мислам дека со ова не знаеме конечно што ќе биде на крајот од преговорите. Кажано е дека автокефалност не доаѓа предвид и со тоа конечно се помиривме засега, а што ќе биде утре не знаеме. Ова сега е нешто сосема неочекувано.

 

  

Наставно - научниот совет на Богословскиот факултет им препорачува на преговарачите во иднина да го имаат предвид мислењето и волјата на сопствениот верен народ и им порачува дека ќе ги поддржува само застапниците за запазување на името на Македонската православна црква и нејзиниот афтокефален статус.

„Треба да се избегне каков било договор поставен на дискриминаторска основа, со којшто се повредуваат основните човекови права, достоинство и слобода, а да се поддржат напори за зацврстување на внатрешното црковно и народно единство“, им порачаа на владиците и на јавноста професорите од Богословскиот факултет